АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН, НИЕ СМЕ ЗРЕЛИ ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС!

Ограничувањето на социјалните контакти (изолацијата и самоизолацијата), заедно со личната хигиена, според сите досегашни искуства – од НР Кина, преку Италија, до нашето прво соседство, се ПРЕСУДНИОТ  фактор за какво такво контролирање на ширењето на заразата со корона вирусот.

Затоа, да престанеме да тераме шеги со полицискиот час во Србија и да им препорачаме на властите, уште од вечерва,  да ја воведат мерката и кај нас.

Ова не е ширење паника, бројките се неумоливи.

Бројот на новозаразените кај нас (19) е поголем од оној во Србија (15). Ние сме нација од 2 милиони, тие од  7,5 милиони, без Косово, што е повеќе од 3 пати поголема бројка.

Кај нас вкупниот број на заразените е 67, во Србија – 118.

Тоа се алгоритмите!

Можно е бројките да не ја одразуваат во целост реалноста на теренот, но факт е дека кај нас,  едно заразено лице произлегува на примерок од окоилу 30 илјади, во Србија двојно повеќе – 60 илјади!

Македонија и Босна и Херцеговина, се земјите каде најбрзо се шири.

Кај нас, во однос на бројот на жителите  (овде и таму), заразата се шири, побрзо и од Хрватска.

Алармот е вклучен, ние сме зрели за полициски час.

Не само поради “говорот” на бројките,туку и поради “говорот” на нашите тела и денеска размавтани по улиците,парковите,шеталиштата.

Последен момент е да го спречиме, она што после тешко ќе го излечиме!