Борба за опстанок

 Пишува: Мераљ Груби
Пишува: Мераљ Груби

Подолго време на фб.го следам Опасен Нијас Легенда познат како ,,Детето од семафорите”.

По неговите статуси можам да заклучам дека тој  е доволно паметен и писмен па дури и повеќе од некои вработени во државна администрација кои ни своето име не го пишуваа правилно но нејсе де,ете можеби научиле со тек на време,но Нијас никако да најде било каква работа иако секој ден моли но никој нема слух за него.

Вчера од Нијас добив многу трогателна видео снимка со насолзени очи и треперлив глас која снимка ме натера да заборавам на сите мои маки и да поразговарам со него да разбере дека на овој свет има добри луѓе кои мислат на него но за жал  немаат таква моќ или можност за да му помогнат.

Ви се обраќам на сите вас кои можете да сторите нешто за него но мислите дека е досаден .

Како би се однесувале вие и што би правеле доколку животот би бил толку суров кон вас но не по ваша вина?

Нијас има 24 години роден е во Кичево а татко му починал пред 7 години.Има двајца браќа едниот има23 а другиот 21 една год а сестра им има само девет години.Живеат во социјален стан и  од парична помош од државата, средства за нега кои се доделени поради здравствената состојба на неговиот брат.Толку може државата нели.!

За да биде полошо тој е приморан од страна на неговата мајка на било кој начин да и носи пари дома за да нема кавги па Нијас доаѓа во Скопје да бара работа но останува само надежта дека ке најде а до тогаш се сместил во некоја собичка за која треба да плаќа и нормално извор за храна остануваат семафорите.

Што тука не е јасно и уште што друго  треба да знаете за да разберете зошто е таков каков што е Нијас?

Сите што се фалите колку тоа сте биле поголеми борци од некој друг за рушење на режимот дали помислувате на Нијас кој надежта ја гледа и во нашите лајкови на фб.

За мене поголем борец  ке биде Нијас и сите други како Нијас што ја немале нашата среќа а најмалку се грижиме за нив,но и тоа како знаеме да лобираме за доброситуирани познати личности и пријатели.

Поправете ме ако грешам.

За крај ке додадам и реченица од коментар на наша заедничка фб.пријателка а се однесува на сите тие што немаат разбирање за Опасен Нијас Легенда:

“Тие имаат се,но немаат срце како Нијас и не знаат како е, да се нема”

Убаво кажано полн погодок тие не знаат што значи борба за опстанок кога сите врати ти се затворени.

ЗА ТОА ПОМИСЛЕТЕ НА НИЈАС