Виница: Миливој Симеонов со изложба во галеријата „УМ“

Виница, 08.09.2018

41310461_315554478995777_2521049797348032512_nУметникот Миливој Симеонов од Виница, член на друштвото на ликовни уметници „УМ“ кое е едно од најактивните во државата, деновиве пред јавноста се претставува со својата 25 самостојна ликовна изложба. Прекрасните дела на Симеонов се поставени во уметнчката галерија во неговата родна Виница. Неговата изложба предизвика завиден интерес кај публиката која на отворањеето ја исполни галеријата.

Симеонов е роден во 1973 година во Виница, а дипломирал на ФЛУ на отсекот сликарство во класата напрофесор Душан Перчинков.  Досега има учествувано на 25 што самостојни што групни изложби во повеќе градови во Македонија и во Швајцарија.

„Сакам да ја изразам благодарноста до сите што допринесоа за оваа изложба  да се реализира. Благодарност до Маријана Иванова која го изработи дизајнот на каталогот и плакатот,  гимназијата „Ванчо Прке“, здружение на уметници УМ ,музејот Теракота, домот на култура „Тошо Арсов“. Ја искажувам својата благодарност и  до Советот на општина Виница како и до градоначалникот Ивица Димитров. Во знак на благодарност за промоцијата на културните вредности кои Советот и градоначалникот ја  прават перманентно,на мојата општина и подарувам една уметничка слика која го симболозира клучот на градот“, рече Симеонов. Тој посебно се заблагодари на неговото семејство велејќи дека тоа му пружало најголема подршка заради неговото често отсуство  од  дома.

41330091_700253336991261_8037447144552005632_n    Што се однесува до самата  изложба  под наслов ВРАЌАЊЕ  Симеонов вели дека првата поента  е директно или индиректно  испровоцирана од неговите ученици ,на кои мртвата природа како мотив со кој сé почнува и никогаш не завршува, им беше ноќна мора,и втората поента е враќањето  на ликовната сцена со самостојна изложба затоа што последната беше пред точно 10 години.

„Се надевам дека следната нема да биде во 2028 година“, порача уметникот.