Во сабота музички спектакал Свети Николе-Сандански

257
- Маестро Кирил Трајков кој со оркестарот диригира 50 години доби признание од новинарите за најдоброто од истокот во културата за 2016 година

Свети Николе, 15.11.2017

  • Мандолинските оркестри од Свети Николе и нивните гости од Сандански ќе имаат и заедничка изведба на пет композиции

Ако имате слободно време, а ја сакате музиката која ја „произведуваат“ мандолинските оркестри, имате отворена покана за присуство не вистински музички спектакал.

IMG_5073_600x400
Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“-Свети Николе

Во сабота, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, во 18 часот, заеднички концерт ќе одржат мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од градот домаќин под диригентство на легендарниот маестро Кирил Трајков, и мандолинскиот оркестар од бугарскиот град Сандански.

Оркестарот од Сандански увежба поголем дел од репертоарот на своите македонски колеги. Тоа овозможува двата оркестри покрај посебните настапи да имаа и заеднички дел во кој ќе свират пет дела кои се на репертоарот на оркестарот „Свети Николај“.

Влезот е слободен, амфитеатарот на МСУ за сите вакви манифестации од културата е пријатно затоплен, па пријатниот амбиент и одличните мандолински состави најавуваат концерт во кој посетителите ќе уживаат со сите сетила.