Во Свети Николе крадец лишен од слобода, во Пробиштип повреден работник на работно место

Штип, 11 јануари, 2019-01-11

Во текот на вчерашниот ден полицијата во Свети Николе од слобода го лиши 35 годишниот В.Б. Тој во текот на ноќта, околу 03,оо часот, со употреба на сила влегол во продавница на улица „Кочо Рацин“  во Свети Николе при што од неа одзел разновидни предмети. Полицијата во овој град по кратко време го лишила од слобода и го привела во полициската станица каде тој си признал уште три кражби кои ги сторил на 6 и 7 овој месец.

Вчера околу 23 часот полициската станица во Пробиштип добила пријава од здравствениот дом во овој град дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен С.М. (27) од Пробиштип кој при извршување на работни задачи во фабриката за акумулатори се здобил со телесна повреда. Повредениот работник бил транспортиран до Клиничката болница во Штип каде била констатирана повредата и каде му била пружана соодветна лекарска помош.