Ден на крводарителството-5 минути за животен век

Штип, 14.06.2019

Нека ни е честит Светскиот ден на крводарителството 14-ти јуни!

Под мотото ,,Твоите 5 МИНУТИ за некого се ЖИВОТЕН ВЕК. ДАРУВАЈ КРВ!’’, вчера во просториите на ООЦК Штип се одржа граѓанска крводарителска акција, реализирана во соработка со Службата за трансфузиона медицина.

Хуманите граѓани ја даруваа најскапоцената течност на светот, потенцирајќи дека нема нема поубаво чувство од дарувањето можност за спасување живот.

                                                                                    Викторија Милановска