ДИМИТРОВ: За една година во Виничко над 225 милиони денари инвестиции

Виница, 07.11.2018

Една година по доаѓањето на градоначалничката функција, Ивица Димитров, градоначалник на Виница, денес со конкретни бројки и факти, даде отчет за сработеното пред медиумите, советниците, раководителите, и пред своите сограѓани…..

“ МОЈОТ МАНДАТ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВИНИЦА ГО ЗАПОЧНАВ ТОКМУ НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПРЕД ГОЛЕМИОТ ВЕРСКИ ПРАЗНИК МИТРОВДЕН, И ЕВЕ ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА САКАМ ПРВО СО ВАС КАКО ГЛАВНИ ПРОМОТОРИ И ПОСРЕДНИЦИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА СО МОИТЕ СОГРАЃАНИ, ДА ГО СПОДЕЛАМ СЕТО ОНА ШТО ЈАС КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК ГО РЕАЛИЗИРАВ СО ЦЕЛОСНА ПОДРШКА ОД СОВЕТОТ И ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА , СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ УСПЕАВМЕ ДА ГО РЕАЛИЗИРАМЕ ЗА ДОБРОТО НА ОПШТИНАТА, ЗА ДОБРОТО НА МОИТЕ, НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ. ВЕРУВАЈТЕ, ВО ОВИЕ 365 ДЕНА ОД ГОДИНАТА ШТО ПОМИНА, ЈАС КАКО ПРВ ЧОВЕК СЕ ВЛОЖИВ МАКСИМАЛНО ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ, СО НАШИТЕ СКРОМНИ РАСПОЛОЖИВИ СРЕДСТВА, НО И СО СРЕДСТВА ОД ВЛАДАТА, СМЕТАМ ДЕКА УСПЕАВМЕ И ПОВЕЌЕ ОД НАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА. ЈАС БИ САКАЛ ШТО ПОМАЛКУ ДА КАЖАМ, А ДЕЛАТА И ПРОЕКТИТЕ ДА ЗБОРУВААТ ЗА МОЈАТА РАБОТА, ЗА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ И НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, НО СЕПАК ВО ИНТЕРЕС НА ЈАВНОСТА ДОЛЖАМ ПОЈАСНУВАЊЕ, рече Димитров…..

Тој посочи дека со помош на УНИЦЕФ за најмладите биле адаптирани училница за ран детски развој во состав на основното училиште „Славчо Стојменски“во с.Лески.

„И не само тоа. Го реконструиравме и партерното уредување на детската градинка „Гоце Делчев“. За основците со помош на Министерството за образование и наука градиме нова спортска сала во рамки на училиштето „Славчо Стојменски“. Проектот е проценет на 25 милиони денари. Во подрачното основно училиште „Никола Парапунов“ во с.Трсино поставени се 32 фотоволтаични панели кои ќе ни заштедат енергија. На интернатската зграда за деца со посебни потреби во с.Блатец поставуваме енергетско ефикасни фасади и ја менуваме дрвената столарија. Вредноста на инвестицијата е 33.750 евра , средствата се обезбедени од УНДП. Го враќаме спортот на заслуженото место. Од општинскиот буџет издвоивме 1 500 000 денари за поддршка на спортските организации. Целосно го финансираме и детскиот фудбалски куп ВИНЕАМ со 26 000 денари. Континуирано се доделуваат признанија и вредносни ваучери за постигнувања во областа на спортот“, нагласи градоначалникот Димитров.

Тој се осврна и на други, за граѓаните значајни остварувања во изминатите 12 месеци.

ИВИЦА ОТЦЕТ ВИНИЦА„Градиме еднакво општество за сите. Нашите планови се да изградиме социјална зграда за лицата од ранливите категории. Овој проект е влезен во финансискиот план во Министерството за труд и социјална политика. Го помагаме и дневниот центар за лица со посебни потреби. На 22 студенти со низок социјален статус им доделивме стипендии во висина од по 2200 денари во времетраење од 9 месеци. А минатата година за новогодишните и божиќните празници доделивме и 50 хуманитарни пакети во социјално загрозените семејства. За почиста Виница ги исчистивме речните корита на Градечка и Виничка река. Ги исчистивме дивите депонии над селото Јакимово и меѓу селата Јакимово и Истибања. Поставивме 50 корпи и 25 контејнери, а обезбедивме и средства за набавка на ровокопач во вредност од 4.243.661,00 денари.  Во изминатава година извршивме целосна промена на водоводните азбестни цевки со полиетиленски на 12 улици со вкупна должина од 3698 метри. Во овој проект вложивме околу 6 500 000 денари“, реферираше Димитров.

ИСКРЕНО ВЕРУВАМ ДЕКА ИЗГЛЕДОТ НА ВИНИЦА ДО КРАЈОТ НА МОЈОТ МАНДАТ ЌЕ ДОБИЕ ЕДНА НОВА ДИМЕНЗИЈА, ЌЕ БИДЕ ГРАД СО ЕВРОПСКИ МАНИРИ И ПОСАКУВАНО МЕСТО ПРЕД СE ЗА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Првиот граѓанин на општина Виница појасни дека со помош на Министерството за транспорт и врски, кое вложи 14 милиони денари, бил подобрен квалитетот на јавната водоводна мрежа во Виница, а во иднина планирано е проширување на филтер станицата во градот на која треба да се приклучат сите 180 водомери од с.Лески на градскиот водовод.

„Ги поплочивме улица “Крушевска Република“ и ул.“Даме Груев“ , повеќе краци од неколку улици во градот и тротоарот на излезот од Виница кон Берово. Поплочивме 5450 метри квадрати со бекатон во градот и селата и инвестиравме 3,5 милиони денари. Ја подобруваме и патната градска инфрастриктура. Асфалтиравме и реконструиравме 12 улици, а ги пополнивме и дупките на сите останати улици во општината. За оваа намена од буџетот на општината одвоивме 12 милиони денари. Ја асфалтиравме улицата „Братство единство“ во ромското маало, Поставивме потпорни ѕидови на улицата „Иво Лола Рибар“ во должина од 26 метри. За оваа инвестиција вложивме 1 милиони и 360 илјади денари. Следна фаза е асфалтирање на улицата во должина од 500 метри. Во тек е постапката за евалуација на проектот за изградба на пристапен пат до земјоделски површини. (Трасата започнува од крајот на градот Виница, на излезот кон с.Лески, односно накај патот кон Зрновци, место викано Воденица). Го решаваме 10 годишниот проблем со водоснабдувањето на жителите во с. Лески. Ископани се 4 бунари кои треба да ги полнат капацитетите на постоечките резервоари. Извршена е санација на селски јаз под црквата “Св.Илија“ во Блатец.Пробиен е пат за пристапност до Маалска чешма во село Драгобраште, маало Криворамци. Изграден е потпорен ѕид во село Лаки.Направени се бушотини за вода за пиење во село Драгобраште,маало Чукарлии“..

Понатаму: Го решивме проблемот со бактериолошки неисправната вода за пиење во село Трсино. 730-те жители наскоро ќе добијат питка вода со проверен квалитет. Во тек е изградба на филтер станица која вклучува нов резервоар и реконструкција на доводниот цевковод. Поставивме нова водоводна линија во должина од 1500 метри од маало Стаменковци до маало Трајановци во с.Грљани. Инвестицијата вреди 156 570 денари. Изградивме и канализациона мрежа во с.Градец за која од општинскиот буџет издвоивме 265 305 денари. Зголемена е проодноста и видливоста на патот кон село Лески. Извршена е Регулација на Пааренска вада во село Блатец. Реконструиравме и асфалтиравме 5 други улици во општината. Главната улица во с.Лески во должина од 300 метри, во село Градец улица од 100 метри од училиштето до црквата, две улици во село Блатец во должина од 200 метри и во село Трстија во должина од 300 метри. Обезбедивме 2 милиони денари од општинскиот буџет за комплетирање на 460 метри канализациона мрежа во село Истибања. Во тек е изградба на мостови во населени места (Истибања на Кајанечки дол, два мостови во село Лаки и еден во село Пеклани ) Инвестицијата е во висина од 2 498 000 ,00 денари.Направено е поврзување на новиот резервоар на вода за пиење на жителите од три маала во село Грљани, маало Мајсторци, Беловци и Петревци. Ја асфалтиравме и најстарата и најдолгата улица од 450 метри во с. Јакимово. После 60 години доби асфалт. Инвестицијата е во висина од 1 167 450,00 денари. 14.Заврши изградбата на локалниот пат од село Трстија преку маало Петревци и Беловци до село Грљани во должина од 1794 м. Овде вредноста на инвестицијата е 8 милиони денари од кои 75 % се од Светска банка, додека со 25 % учествува општинтата. Го проширивме патниот правец Пекланска река до село Бигла. Во овој проект се инвестирани 42 милиони денари. Градежните работи ги завршивме со асфалтирање на 6,5 километри патен правец кон Делчево. Во дел , овој патен правец го проширивме и ги саниравме критичните места. Го реконструиравме и патот од село Истибања кој води до Македонска Каменица. Вредноста на инвестицијата е 90 000 000 денари. Во тек е евалуција на проектите за Изградба на локален пат за поврзување на населените места Драгобраште и Грљани (Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието и руралниот развој) и Пристапен пат до земјоделски површини во село Пеклани, поле Добрава, исто така преку Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.  Ја негуваме и продолжуваме традицијата за одбележување на празникот на градот Виница преку концерти, театар, проекција на филмови, настап на домашни пејачи за што издвоивме околу 163 000 денари. Со 4 дневни музички настапи, изложби и промоции ја одбележавме и 74 годишнината од ослободувањето на Виница, за што одвоивме околу 486 000 денари.Со половина милион денари го поддржуваме и фолклорниот фестивал Истибањско Здравоживо, како и меѓународниот фестивал за хумор и сатира – Ин Виница Веритас за што одвојуваме 100 000 денари. Воедно со 165 000 денари го помагаме и довршувањето на верскиот објект во с. Истибања како и издавањето книги од автори од нашиот град во висина од 57 000 денари.

Одржувавме и одржуваме постојани средби со претседателите на месните заедници, а имаме и отворен повик до сите здруженија, клубови организации за доставување на своите програми до советот на општинта за да влезат во буџетот на општината. Се соочив со недостаток на ДУП-ови за населените места што исто така претставува проблем за изведување на инфраструктурните проекти.Оваа година се донесе Детален урбанистички план(ДУП) за место викано ИЛА. Подготовивме техничка документација за неколку значајни зафати: – Кружен тек на главната улица. – Изградба на локален пат за поврзување на три населени места Драгобраште,Грљани и Калиманци преку маала Капетанци- Балинци-Витлари. – Реконструкција на Кино салата во Виница. Исто така да спомнам дека се воведени и пониски тарифи за цената на водата. (од 23,21 намалени на 22,50 денари по метар кубен ). Во тек е изработка на Физибилити студија за изградба на колекторски систем и прочистителна станица од страна на Швајцарската агенција за обнова и развој. Инвестицијата се проценува на 150 000 швајцарски франци. Општината е дел од проектот” Унапредување на општинското владеење”, Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финасии и ЗЕЛС,со финансиска поддршка на Европската Унија. ( Преку овој проект е обезбеден Грант во висина од 26.000 евра ). Општина Виница стана член на Урбаната алијанса на свилениот пат.

ЗА ЕДНА ГОДИНА ВКУПНАТА СУМА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ВО СЕЛАТА И ГРАДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД 225 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. МОЕТО МОТО Е “СЕКОГАШ МОЖЕ ПОДОБРО, СЕКОГАШ СЕ МОЖЕ И ПОВЕЌЕ“, А СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ НАЈМНОГУ. ЈАС ИСКРЕНО ВЕРУВАМ ДЕКА ИЗГЛЕДОТ НА ВИНИЦА ДО КРАЈОТ НА МОЈОТ МАНДАТ ЌЕ ДОБИЕ ЕДНА НОВА ДИМЕНЗИЈА, ЌЕ БИДЕ ГРАД СО ЕВРОПСКИ МАНИРИ И ПОСАКУВАНО МЕСТО ПРЕД СЕ ЗА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“, истакна Димитров.