Завршија подготовките за годинашниот Вевчански василичарски карневал

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, денеска, на  прес-конференција, која ќе се во ресторан „ПЕЛИСТЕР“ во Скопје, подетално ќе ги  презентира содржинте од програмата за престојниот Вевчанскиот Карневал.

Традиционално, манифестацијата се одржува,  од 1о до 14 јануари како  една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во нашата земја, на Балканот и пошироко.

Повторно Вевчани ќе живее под маски, како голем слободен подвижен театар без граници.

Традиционалниот Вевчански карневал се одржува за православниот христијански празник  Василица со кој овде се чека старата православна Нова година.

Организаторите,  најавуваат богата музичка програма и интересни содржини за посетителите.

– Вевчани и годинава ќе ги отвори вратите за сите добронамерници, почитувачи на василичарскиот дух, кој имаат желба да бидат дел од големото карневалско доживување. Целта ни е на претстојниот карневал да земат учество не само вевчанци, туку во поворката со маски да се вклучат и посетителите на Вевчани, да го почувствуваат василичарскиот дух и да бидат дел од големото карневалско доживување – ја најавува манифестацијата  градоначалникот Јанкоски.

В.М.