Захариев извиси од пратеничка листа

Со намера или без неа, цел месец во штипската јавност се пласираше информацијата дека меѓу сигурните кандидати за пратеник на владеачката ВМРО ДПМНЕ од трета изборна единица ќе биде и актуелниот градоначалник Илчо Захариев. Но, не биде така, иако шпекулациите говореа дека Илчо Нарцисот ќе бил на добитно место. .

ВМРО ДПМНЕ го објави својот избор на вкупно 120 личности во шесте изборни единици, но во тројката не се најде место за Захариев. Добитни места од штипјани на листата на владачката партија во тројката имаат досегашните пратеници Трајче Димков и Никола Мицевски.

Во градот се сомнуваа и други членови на оваа партија како можни кандидати за пратеници но ВМРО ДПМНЕ одлучи да одигра на своите познати лица кои и досега беа огнени подржувачи на вмровските политики во Собранието на Република Македонија.

Илчо извиси, а кој ги пласираше шпекулациите врзани за неговото име останува да покаже времето. Дали тоа беше самореклама на самобендисаниот Илчо или спин на негови блиски луѓе, а на негово изричито  барање, пак ќе покаже времето.

Сега како можност за активно бавење со политиката на Илчо му преостануваат локалните избори за да видиме дали нарцисоидниот градоначалник ќе остане без нов мандат или ќе продолжи жестокот да ја подјадува благородната супстанца на градот кој е регионален центар на истокот од државата, и од него да прави паланка по свој вкус….

(и.б./и.п.)