ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ ОД ШТИП: Пред 2,5 години оваа власт ја поведе државата и докажа како се раководи во интерес на народот

Штип, 16.11.2019

„Партијата на пензионери ја формиравме во 2014 година, во време на најголемиот подем на груевизмот. Одлучивме да се бориме против тоа зло, се приклучивме кон СДСМ и коалицијата во борбата против груевизмот, бевме активни во Шарената револуција, и за да ја нормализираме државата влеговме во коалицијата. Резултатите кои оваа Влада ги оствари во изминатите 2,5 години се импозантни“.

G02_448x600Ова, на Годишното собрание на Општинската организација на Партијата на пензионери во Штип го истакна Илија Николовски, претседател на оваа партија и актуелен пратеник во Парламентот.

Според Николовски, основната цел на Партијата е да работи на подобрување на правниот и социјален статус на пензионерите, на ранливите категории како бранителите, инвалидите…

G04_800x597„Вчера имавме тешка седница во Парламентот за покачување на минималната плата. Успеавме во тоа па сега наместо 12.500 имаме минимална плата од 14.500 денари. Тоа говори дека за само 2,5 години оваа Влада успеа во она кое за нашите преетходници беше невозможна мисија – да ја зголеми минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. Се зголемија платите во образованието, здравството, културата, војската полицијата. Тоа е вистинска грижа за народот“, рече Николовски.

Говорејќи за пензиите Николовски го кажа следново:

„Сега не ред се пензионерите и пензиите. Од први јануари 2020 година тие се зголемуваат за 700-750 денари. Оваа власт ја презеде одговорноста за државата на 1 јуни 2017 година, и за 2,5 години ги зголеми пензиите за 1.600 денари. Постојат реални претпоставки дека БДП ќе биде над три проценти,што отвора можност за ново зголемување на пезниите за плус 180 денари, или се заедно зголемувањето може да изнесува 980 денари. Ќе се усогласуваат и пензиите на вработените во полицијата кои во пензија заминале пред 2010 година. Единственото од што се плашам е пратениците од ВМРО ДПМНЕ да не го опструираат и Законот за пензиите, кога него ќе го носиме во собранискиот дом“, информира Николовски.

Тој рече дека социјална државна пензија ќе имаат над 4.000 граѓани, дека со активна работа на Партијата на пензионери е укината квотата за лекови, воведена е патронажна служба, се менува начинот на менаџирање на домовите за стари лица…

„Сакам одтука, од Штип, да најавам дека наскоро ќе почне изградбата на голем Дом за стари лица во Кочани, во него ќе има место за 200 корисници, наскоро стануваме 30 членка на НАТО, а тоа не е само безбедносно прашање, тоа е и прашање на нашиот економски развој, тоа е еден од условите за подобра иднина за сите нас“, посочи првиот човек на Партијата на пензионери и пратеник Илија Николовски.

G03_800x597Николовски беше гостин и во дневникот на ТВ Ирис каде одговораше на сите релевантни прашања поставени од новинарката Јуле Малинова, а имаше средба и со директорот на оваа телевизија Благој Серсемов.