Калиманци порибено со 600 килограми крап

М.Каменица, 09.03.2018

Риболовното друштво „Шаран“ денеска изврши ново порибување на езерото „Калиманци“. Во оваaакција се фрлени 600 килограми крап. Потребните средства за набавка на рибниот подмладок ги обезбеди рудникот САСА.

FOTO 2_poribuvanjeОва е трета по ред акција за порибување на езерото Калиманци која се спроведува со поддршка од рудникот, кој редовно, секоја година, издвојува средства за поддршка на активностите на риболовното друштво.