КОЧАНИ: Во сабота „Плати кафе со уметност“

Кочани, 30.05.2019

Во рамките на програмата за локален активизам „Младински локални иницијативи“ иницијативата „Обединети во различностите“ в сабота, на 1 јуни 2019 година во Кочани го организира настанот „Плати кафе со уметност“.

Целта на овој настан е да ги спои младите од Кочани и да им овозможи прифаќање на различностите. Во таа насока младите од Кочани ќе изработат цртежи на бетонските клупи спроти кафе-барот „Рокси“ во Трговскиот центар. Темата на цртежите кои ќе се најдат на клупите ќе биде поврзана со антидискриминацијата и ненасилството.

Финансиска поддршка на оваа младинска акција дава и Општина Кочани.