ЛЕНА ЃУРИЌ со изложба во македонскиот рај АУРОРА ресорт & спа на Беровско езеро

948

Штип, 10.09.2018

Вчера попладне во култната туристичка дестинација Аурора ресорт & спа на Беровско езеро беше отворена ликовна изложна на  штипската сликарка Лена Ѓуриќ. Во еден преубав и несекојдневен амбиент Лена изложи 24 свои уметнички дела инспирирани од природата и од луѓето.

lena004За ликовниот опус на Лена горовореше новинарот Тони Михаилов.

„Уметниците во своето сликарство главно се определуваат за еден од двата вида на сликарство – реалистичното и натуралистичкото. Ние, во овој миг, стоиме пред уметничката визија на уметницата Лена Ѓуриќ која преку реалистичното сликарство, користејќи ги маслените бои и сликарски алатки, ни го доловува својот уметнички поглед на светот околу нас и во нас“, рече Михаилов.

lena003Според Михаилов, сликите на Лена се исполнети со наративни содржини, тие се колоритни, живи и живописни, полни со лесно воочлива симболика, блиски до секого.

ЛЕНА  „Крајно сум му благодарна на семејството Сирачевски што ми овозможи да изложувам свои уметнички дела во еден толку убав и толку атрактивен простор, во еден рај на земјата како што е Аурора ресорт & спа на Беровско езеро. 

„Сега, од овој убав културен настан, можеме да кажеме дека на овој преубав простор кој самиот по себе е уметничко дело на природата, се споиле две енергии во една прекрасна синергија: онаа на природата чиј репрезент е неверојатната Аурора ресорт & спа на Беровско езеро и енеријата на уметницата Лена чии слики носат хармонија и спокој во сечија душа“, посочи Михаилов.

lena002Ѕвонко Пеќевски, беровски градоначалник, пред свечено да ја прогласи  изложбата за отворена, рече дека Берово е почестено што уметница од рангот на Лена Ѓуриќ се решила да изложува во нивното место и најави многу вакви нови случувања во кои општината ќе биде посветен партнер.

Меѓу бројните посетители на отворањето беше и Небојша – Неша Сеитовиќ, шеф на познатата музичка група „Црне Мамбе“ од Ниш. Оваа група има свирено на концерт во Манчестер како предгрупа на прочуениот гитарист Карлос Сантана, на покана на Кока Кола свирела на светското првенство во фудбал во Бразил, настапувала во прочуената сала Олимпија во Париз, ги придружувала познатите ЈУ пејачи Лепа Брена, Нина Бадриќ, Оливер Драгоевиќ…

lena001„Лена е наша семејна пријателка, јас и сопругата ја следиме секоја нејзина нова изложба. Имаме огромна желба еден убав ден да настапиме и во Штип“, ни рече Неша.

Лена Ѓуриќ се заблагодари на семеството Сирачевски што и ја укажале честа да може да излага во еден рај на земјината топка, како што ја окарактеризира Аурора ресорт & спа во која сопственикот Сирачевски ја има една од најголемите галерии во Македонија од преку 700 уметнички слики.