Македонската афористика во книгата „Афористична ризница-2“

Штип, 04.11.2018

Во петок од печат излегува новата книга афоризми од домашни автори под име „Македонска афористична ризница 2“. Се работи за второ издрание, а афоризмите се во избор на  Миле Ѓоргијоски, кој е и уредник на изданието.

Во книгата која е на 307 страници се застапени афористичарите: Атанас Крлевски, Ацо Ѓоргиев, Блаже Докуле, Васил Толевски, Витомир Долински, Димитар И. Вилазорски, Ѓорѓи Панов, Евтим Гашев, Иван Бојаџиски, Иван Карадак, Иван Русјаков, Јане Атанасов, Ленче Стоименова, Љупка Цветанова, Љупчо Силјановски, Марјан Ангеловски, Миле Ѓорѓијоски, Наташа Ќурчиска, Никола Талевски и Ристо Филчевски.

Балканската афоризстична ризница -2 ни донесува над 2.000 нови афоризми создадени од македонски автори. Издавач е  Дом на култура „Тошо Арсов“, Виница,  односно фестивалот на хумор и сатира In Vinica veritas.

Се работи за петта книга од едицијата „Балканска сатира“ чија насловна страница , портрет карикатурите и илустрации се дело на карикатуристот Миро Георгиевски.

-Книгата ќе има повеќе промоци во низа наши градови. Првата ќе биде во Виница во рамките на Новогодишниот сатирикон, потоа следи промоција во Кочани, па во Штип, Свети Николе,  Македонска Каменица, Скопје и Тетово, информира уредникот Ѓоргијоски..