НЕВЕРОЈАТНО: На стотина штипјани дојдоа на оворањето на изложбата на жени сликарки од Штип и Виница

Штип, 08.03.2018

Незапамтено голем интерес покажаа штипјани за отворањето на изложбата на уметнички слики на жени-уметнички од Штип и од Виница. Големиот изложбен салон во Домот на култура „Ацо Шопов“ беше исполнет до секој сантиметар, а меѓу присутните имаше љубители на уметноста од секое возрасно доба но сепак доминирааа младите.

05Уметничките Лена Ѓуриќ, Нада Накова, Голуба Хилјадникова, Бубе Донска и Сара Петров од Штип и нивните колешки од Виница Катица Алексова, Благица Стојановска, Гордан Вренцоска и Маријана Иванова се претставија со 27 дела. Куратор на изложбата беше познатиот штипски уметник Борче Минов.

03Прекрасниот уметнички настан го отворија писателот Трајче Кацаров со песна за мајката, за што доби голем аплауз и поетесата Марија Емилија Кукубајска со мини есејот под наслов „Ает-по“  за што беа наградени со голем аплауз од присутните.

02Изложбата ја отвори Иван Бојаџиски, претседател на комисијата за култура при Советот на општина Штип . – „Овааа изложба е всушност најава за нов пристап во културата во источниот регион на која општините и културните институции во нив и даваат регионален карактер. Она кое како културен чин ќе се случува во Штип ќе биде презентиран и пред граѓаните на сите други места во регионот, и обратно. Многу проекти ќе бидат работени во заедничка корелациј и во уметничка синергија на автори од повеќе места во регионот“, рече Бојаџиски.

ИВИЦА ДИМИТРОВ –Како помал град среќни сме што вечерва можеме да се пофалиме дека наши уметнички изложуваат заедно со штипските колешки. Виница е значајна културна точка не само во регионот, очекуваме изложбата наскоро да ја видиме и во нашиот град.

 

БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ –Ние сме тука за на секој начин  да ги поддржиме сите вакви настани, тука сме и за соработка со сите други градови од регионот. Штип допрва ќе блеска на полето на културата во посебен сјај. Дека силно сме посветени на тој сегемент од нашето секојдневие говори и оваа неверојатна публика која дојде на отворање на еден преубав настан.

04На изложбата присуствува и пред присутните се обратија и градоначалниците на Штип и на Виница Благој Бочварски и Ивица Димитров. –„Како помал град среќни сме што вечерва можеме да се пофалиме дека наши уметнички изложуваат заедно со штипските колешки. Виница е значајна културна точка не само во регионот, со Виничкото кале, теракотните иконо кои го прошетаа светот, со музејот Теракота, со фестивалот Ин Виница Веритас и со активното друштво на уметници „УМ“. Очекуваме оваа изложба наскоро да биде претставена и пред виничката публика“, рече Димитров.

00011Благој Бочварски порача дека новото водство на Општина Штип стои и секогаш ќе стои зад културата како знак на препознавање на градот-регионален центар. –„Ние сме тука за на секој начин  да ги поддржиме сите вакви настани, тука сме и за соработка со сите други градови од регионот. Штип допрва ќе блеска на полето на културата, а дека сме силно посветени на тој сегемент од нашето секојдневие говори и оваа неверојатна публика која дојде на отворање на еден преубав настан кој е во организација и на Комисијата за култура при нашиот Општински совет“, рече Бочварски притоа честитајќи им го на сите присутни жени 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Организатори на изложбата беа Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Комисијата за култура при Советот на општина Штип. Интересно е дека меѓу уметничките кои ги изложија своите дела покрај веќе етаблираните Ѓуриќ, Алексова, Накова, Вренцоска, Хилјадникова, Стојановска беа и младите и надежни уметнички Бубе Донска, Сара Петров од Штип и Маријана Иванова од Виница.

Сите уметнички од организаторот добија по еден каранфил.

„Оваа вечер ни покажа и докажа дека за културата на овие наши убави простори има надеж“, констатира писателот и драматург Трајче Кацаров..

Во прилог на текстот донесуваме повеќе фотографии од настанот.