Општина Чешиново-Облешево со титулата „Европско село на штрковите“

Најголемот гнездо на штркови во Чешиново

Штип, 10.02.2019

Виолета Јанева, носителка на европското признание „Херој на природата“
Виолета Јанева, носителка на европското признание „Херој на природата“

Штип   Општина Чешиново-Облешево го понесе епитетот „Европско село на штрковите“. По тој повод, од 12 до 15 јуни годинава, во оваа општина ќе допатуваат претставници од тринаесет европски држави во рамките на настанот „Европско село на штрковите“. Тие ќе дебатираат  на тема остварувањата во заштита на животната средина со посебен акцент на заштитата на птиците и уште попосебен во заштитата на штрковите. Домакините ќе им организираат патување низ источниот регион заради запознавање со природните особености на регионот. Штрковите се посебен белег и голема атракција во оваа општина.

-Во Европската мрежа на штркови се вклучени тринаесет држави од стариот континтен. Меѓу нив се Германија, Шпанија, Швајцарија, Унгарија, Словачка, Србија, Хрватска, Турција и секако Македонија. Во Македонија држава штрковите најмногу ги има во нашата општина и затоа годинава ни е укажана големата чест да бидеме европски центар на овие прекрасни и корисни птици, вели Виолета Јанева, координатор на проектот, која е меѓу стоте добитници на  високото признание „Херој на природата“ кое го доделува Брд Лајф, меѓународна организација за заштита на птиците.

Всушност, оваа општина за ваквото признание беше номинирана во 2013 година од страна на Македонското еколошко друштво и меѓународната организација Еуро Натура, а оваа општина да го добие ваквиот статус најмногу се има заложено Габриел Шредер, извршен директор во Еуро Натура.

Швајцарската агенција а развој и соработка со 10.000.000 денари ќе ја финансира изградбата на еко-етно паркови во Уларци и Чешиново. Целиот проект ќе оди преку Центарот за развој на источниот плански регион.

-Наша основна карактеристика е фактот дека ја имаме најголемата густина на штркови на определен простор, а во селото Чешиново е најголемото гнездо на штркови. Во нашата општина се утврдени седумдесет гнезда на овие птици, а секое семејство го чинат парот родители и по две до пет мали штркови. Тоа говори дека на нашиот терен, споеред нашите претпоставки, имаме помеѓу 350 и 400 штркови, вели Јанева.

Набљудувачница покрај реката Злетовица
Набљудувачница покрај реката Злетовица

Јанева укажува дека поврзаноста на населението и штрковите на овој простор е неверојатна. Штрковите се сметаат за свети птици, а најголем болка кај жителите настанува кога ќе видат штрк загинат од струен удар. Но, Јанева вели дека со ЕВН и тоа прашање се решава. „На далноводите на кои штрковите најчесто можат да се видат ЕВН постави платофрми со што е осигурана нивната безбедност. Но, сега со Македонското еколошко друштво на Балканско ниво се истражува проблемот за загинувањето на штрковите со цел да се превземат уште поголеми безбедносни мерки за нив“, укажува Јанева.

Штрковите ги има на овој терен пред се поради оризовите ниви што на овие птици им гарантира обилна и квалитетна исхрана, Тие се хранат со жаби, змии и глувци. Доаѓаат напролет, кога започнува подготовката на оризовите ниви за сеење, а си одат наесен кога родот е веќе собран.

Во оваа општина има два еко-етно паркови, во селата Уларци и Чешиново како дел од програмата за зачувување на природата во нашата држава. Овие паркови се финансирани од СДС, од Источниот плански регион и Фармахем.

Кај реката Злетовица, во близина на патот Штип-Кочани, поставивме и набљудувачница од која поубаво се гледаат гнездата и штрковите. Најчести посетители се децата кои најмногу им се радуваат на малите штркови. Всушност, овде се држат и часови на отворено на кои децата се запознаваат со природата и птиците како дел од неа, вели Јанева.

Овој проект на општината ќе и донесе десет милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка. За таа цел потпишан е договор помеѓу Источнипт плански регион и  општина Чешиново-Облешево а овие пари се наменети за изградба на етно-еко парковитево Чешиново и Уларци.