ПEНДАРОВСКИ: Бојкот на изборите е можен само ако фотељата на Мицковски е повредна од државата

Охрид, 17.03.2019

Гласањето на претседателските избори е најмалку персконално прашање, туку е своевиден референдум за тоа дали ќе се враќаме назад во груевизмот, или ќе одиме напред во 21 век, со започнатите процеси во евроатланското приближување кон развиениот демократски свет.
Ова го нагласи заедничкиот кандидат за претседал на Северна Република Македонија, Стево Пендароски, на денешната трибина во Охрид.
Пендароски потенцираше дека се тоа два спротивствани концепти за иднината на државата. Едниот е на Зоран Заев и на екипата околу него, концепт на реформи, а другиот на Мицкоски, кој би сторил се, само за да си ја зачува фотелјата за себе, а што е назадување на земјата.
54515332_298580764150556_5822703372393775104_n-Приказни за мали деца пред заспивање, се изјавите дека тие ќе постигнеле подобар договор од Преспанскиот. Заглавени во далечното минато и своите митови, тие создаваа атмосфера на недоверба и спротивставување и бегаат од проблемот, затоа што јужниот сосед не им ја даваше гаранцијата за нашиот македонски идентитетот – рече Пендаровски.

54388203_2693312900711246_7294040059970322432_nСтево Пендароски изрази задоволство од тоа што полека созрева сознанието за обостраната корист од договоро и кај нас и во соседна Грција. Општата поддршка за договорот сега е позитивна, додека кај припадниците на македонското малцинство е доминантна.
54437223_2282728655341001_4973515950595768320_n– Среќната околност е што и таму се најде човек, како премиерот Ципрас, кој ги разбира работите, кој ги следи глобалните прпоцрееси во светот и не е оптоварен со национализам – потенцираше Пендаровски.
Пендаровски одговараше на многу поставени прашања, рече дека, како претседател ги знае ингеренциите и надлежнопстите, но дека тоа не значи и бегање на одговорноста пред прашања што се од животен интерес на граѓаните.
– Претседателчот со својот авторитет, со својот политички бекграунд, има доволно алатки да се бори за подобро здравство, за подобра социјална заштита, за повисок стандард на пензионерите и другите социјални групи – напомена Пендаровски.
Стево Пендароски денеска во Охрид, имаше средба и со младите, беше на градскиоот пазар, како и во старата градска чаршија каде имаше средба со граѓаните и дуќанџиите.
Пендаровски рече дека анкетите покажуваат убава предност за него, како заеднички кандидат, дека СДСМ и владината коалција се во очигледна предност, а позитивната поддршка треба само да се потврди на гласањето.
Стево Пендароски, попладнево престојува во Кичево, каде ќе има средба со граѓаните во населбата “Бела Кула”.

(Веле Митаноски)