„САСА“ покрена судска постапка против Мултиетничкиот синдикат

31

Македонска Каменица, 12.03.2018

* На суд ќе се најде и нивниот огранок во Македонска Каменица

Во рудникот САСА постои репрезентативен синдикат кој е дел од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) со кој менаџментот на компанијата преговараше и потпиша колективен договор во кој се дефинирани бенифициите и правата на работниците. Во тек се преговори помеѓу раководството на рудникот и синдикатот на СИЕР за ново покачување на платите во текот на 2018-та година и дополнителни бенифиции за вработените во САСА.

Меѓутоа, од неодамна во јавноста се појави нова организација која е дел од Мултиетничкиот синдикат на образованието – МЕСО, а која нелигитимно се претставува дека има членови во рудникот САСА. Имено, лицето Сашо Јованов кое се претставува како претседател на новата синдикална организација не е вработено во рудникот САСА, а дополнително новата организација не достави никакви докази во форма на писмени изјави и платена чланарина за ниту еден вработен во САСА, иако според законот тоа е единствениот начин да докаже дека е репрезентативен синдикат во компанијата.

 Поради ваквата фактичка состојба, рудникот САСА побара од надлежниот суд да донесе пресуда и времена мерка со која ќе ѝ забрани на оваа организација да доставува барања до компанијата и да организира какви било штрајкови и протести што можат да го нарушат нормалното функционирање на рудникот. Со ваквата состојба се информирани и надлежното Министерство за труд и социјалната политика и Владата на Република Македонија.

Од неодамна во јавноста се појави нова организација која е дел од Мултиетничкиот синдикат на образованието – МЕСО, а која нелигитимно се претставува дека има членови во рудникот САСА. Новата организација не достави никакви докази во форма на писмени изјави и платена чланарина за ниту еден вработен во САСА, иако според законот тоа е единствениот начин да докаже дека е репрезентативен синдикат во компанијата.

Во однос на некои јавно изнесени состојби за САСА, вистината е дека во однос на заштитата и безбедноста на сите вработени, рудникот САСА е лидер во рударската индустрија во Македонија и пошироко во Европа. Имено, деновиве рудникот постигна нов рекорд од 500 дена без никаква повреда при работа што јасно покажува колку новите сопственици се посветени и вложуваат за одржување на висок степен на безбедност и заштита при работа во рудникот. Исто така, платите на вработените во САСА се двојно поголеми од просечните плати во земјата, а последното нивно покачување беше направено во февруари оваа година.

Новите сопственици на САСА – компанијата Центар Азија Металс од Лондон, неодамна јавно се обврзаа дека ќе продолжат да вложуваат во развојот на рудникот и во стабилноста на работните места на сите вработени. За потсетување, само пред десетина години, кога САСА беше во државна сопственост, рудникот банкротираше и сите тогашни вработени останаа без работа. Сега, откако рудникот доби нови инвеститори, навистина добива нова шанса за одржлив развој од кој сите ќе имаат големи придобивки: и вработените, и локалната заедница, и економијата на земјата и инвесторите.