СВР ШТИП: Со закана со нож од аптека земал пари и лекови

Штип, 10.01.2019

Вчера (09. јануари 2019 година) 25 годишнниот А.М. од Штип, околу 11,45 часот влегол во аптека на улица „Маршал Тито“ и со закана со нож кон вработениот Г.Б. (41) извршил разбојништво при што одзел извесна сума пари и лекови. Откако разбојникот избегал од аптеката вработениот го пријавил случајот во полициската станица во Штип. Бргу по разбојништвото полицијата го пронашла и привела А.М. против кого ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден околу 10,30 часот,Ј.С. (60) од Штип пријавил дека на улицата „Широк Дол“ во Штип две непознати лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари, но во својата намера не успеале и побегнале. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

И пак истиот ден, околу 23,20  часот, во полициската станица во Штип Ј.А. (30) од Штип пријавил дека околу 21 часот во куќа на улица „Плачковички одред“ бил физички нападнат од Ф.Џ. (27) од Штип. По документирањето на настанот против Ф.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.