Спомен соба и Спомен обележје на родната куќа на бардот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески

 Охрид, 8 јули

Со поетско – музички хепенинг, одржан, во селото Црвена Вода, во историската Дебрца, заврши овогодинешната, традиционална, книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“. Општина Дебрца,всушност, беше домаќин на поетите од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија  и Словенија.

При посета на селото Белчишта гостите топло беа пречакани страна на градоначалникот Зоран Ногачески, кој во своето обраќање упати поздрав до присутните гости – поети како и двајцата пратеници во Собранието на Република  Македонија Жаклина Лазареска и Илија Николоски, инаку претседател на ППМ.

Vanco kuchaНа средбата во Белчишта беше и  градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.  Книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби “, во организација на Културниот центар “Бран” и ревијата “Бран”,од Струга, под будното око на писателот Петко Шипинкароски, на овој начин,од скромен почеток, пристигна до атрактивна регионална маниестација, со настани во четири града од ЈЗ.Македонија.

По кратката презентација за карактерот на општина Дебрца, следеше видео проекција за природниот резерват “Сини Вирој”. Потоа, заедничка посета на Интернационалната Колонијата за ликовна уметност и Ликовната галерија во село Белчишта како и Домот на Белчишкиот гајдаџија, Целе Блажески.

Групата подоцна се упати кон селото Црвена Вода, каде беа посетени  родната куќа и Спомен собата на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца односно спомен собите на НОБ и ПОМ.

Пред историска зграда, седиште на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Втората светска војна, за настаните во селото во 1943 година, зборуваше претседателот на Ветераните од Охрид, полковник Добре Вељаноски, кој им ја презентираше и Спомен собата на НОВ и ПОМ, односно Главниот Штаб на народната војска, воден од генерал Михајло Апостолски.

Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, има можност да го погледаат  изборот од  вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други, кој им го приредија основачот на Колонијата Ѓоко Целески и светски познатиот сликар Јордан Манасиески и самите присутни на настанот.

На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.

Поетите, членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, како и оние од Хрватска,  членови на   “ХKД”  од Задар и  “Ритам мисли” од Вараждин, ги поздрави амбасадорот Љупчо Арсовски, член на невладиното здружение Македонско-хрватска Тангента, соорганизатор на настанот.

Селаните, на настанот го поканија и познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Охрид, Никола Матлиески-Пашата, со што испратија порака до јавноста и државните органи: Еве кој, заедно со нашиот самопридонес, ни го изгради патот, а вие сега гледајте (штом веќе ништо не чините), како на очиглед на сите, со децении, ни го уништува државната и градежната мафија.

Градоначалникот на Дебрца, Ногачески, претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот, член на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, кој истовремено го води Одделот за Балкан и словенскиот свет при Академијата, со седиште во Верона, Италија, го открија спомен обележјето во роднатакуќа на писателот Ванчо Николески, каде се читаше детска поезија..

На крајот,учесниците имаа можност да ги почувствуваат вкусовите на “Традиционална македонска софра” – подготвена од страна на жителите на селото, а сето тоа пропратено со прекрасната поезија на присутните поети.

За крај, до сите присутни гости, лична благодарност упати и градоначалникот Ногачески, со желба ваквата манифестација да доживее уште многу вакви средби.како оваа во Црвена Вода, која заврши со песни и оро, инспирирано од поззнатиот белчишки гајдаџија Целе Блажески.облечен во народна носија.