Струмичанец со Форд фокус излета во коритото на Отиња

Штип, 25.09.2018

Млад струмичанец на возраст од 33 години со своето возило излета денес во коритото на реката Отиња во близина на бензинската станица на Макпетрол во штипско Ново Село.

Претходно момчето удрило во две паркирани возила, а потоа излетало од патот и се нашло во речното корито. Возилото е марка Форд фокус и е со бугарски таблички, а настанот се случил денес околу 12,30 часот.

Според СВР Штип во возилото била и негова врсничка но тие не се сигурни во каква врска биле младите. Ние дознаваме дека младата жена му била сопруга. Првите претпоставки се дека несреќата е резултат на пребрзо возење зашто инцидентот се случил на остра кривина, но резултатот ќе се знае дури по вештачењето на возилото.

Возачот поминал со мали повреди додека неговата сопруга се здобила со посериозни повреди но кои не се опасни по живот и е пренесена во Клиничката болчница во Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе