Фантастична ревија на олдтајмери во Свети Николе

Свети Николе, 07.10.2017

Преубава ревија на олтајмери се одржа денес во Свети Николе. Организатор беше олдтајмер клубот кој го носи името на градот. Иако денешниот ден и во главниот град на Овчеполието беше многу дождлив, па организаторот мораше да ја менува програмата, сепак олдтајмерите предизвикаа големо внимание кај граѓаните од Свети Николе, Скопје, Велес, Штип, Кочани, Неготино и од други места.

Untitled-4На плоштадот беа изложени поголем број олдтајмери од нашата држава и од Србија. Дождот предизвика само откажување на концертот на групата Троја која само за кратко имаше настап но мораше да го прекине.

По завршувањето на собирот, во 19:00 часот во амфитеатарот на МСУ „Гаврило Романович Державин“ беа поделени наградите а беше прикажан и популарниот македонски документарен филм Avec l’amour, кој е снимен за љубителот на стари возила од Неготино.

Untitled-7 Untitled-5 Untitled-3 Untitled-2 Untitled-1

Дионис Пашлаков