ШТИП: Волонтерите на Црвениот Kрст во посета на социјално ранливите семејства во Лакавичкиот крај

Штип, 05.01.2019

Социјално загрозените семејства во селата од Лакавичкиот регион  денес попладне и вечерва се посетувани од волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст-Штип. Иако временските услови во овој крај се тешки, има ногу снег, заледени патишта и ветер кој студот го пробива во коски, сепак тоа оваа вечер не е пречка за   волонтерите. Тие на социјално ранливите семејства им носат прехрамбени продукти по повод Бадник и Божиќ.

црвен крст-Бадникарски зелник и колачиња, свежо и суво овошје, конзервирана храна и се што е потребно за бадниковата трпеза им доставуваме на семејствата директно до домовите. Општинската организација на Црвениот крст-Штип спроведе низа на хуманитарни активности непосредно пред новогодишните празници, а со иста динамика продолжуваме и во пресрет на божичните празници. Им помагаме на семејствата кои живеат во социјален ризик, да можат достоинствено да ги поминат празниците, вели претседателката на ОО Црвен крст –Штип, Викторија Милановска. Според Миланова волонтерите вечерва посетуваат вкупно осум семејства, а станува збор за возрасни луѓе и семејства, кои се социјално загрозени.

Миланова посочи дека на волонтерите не им е тешко што поминуваат низ тешко пристапните патишта кои водат до куќи на семејствата , бидејќи хронично гладните ја доживуваат полната празнична  трпеза како вистинско чудо, а децата веруваат во Дедо Мраз, кој со години заборавил на нив,  а сега им ги слушнал желбите.