ШТИП: Захариев, Бојаџиев и Иванов ги испразниле сметките

Штип, 06.11.2017

На сметката на општина Штип има само 3,3 милиони денари што не е доволно ниту за исплата на платите. Во ЈП „Исар“ касата е „исчистена, дезинфекцирана“ и во неа нема пари ниту за плата на вработените. Во ЈП „Стипион“ исто така. Нема ниту скршена пара на сметката.

Што се случи од 29 овој месец кога беше вториот изборен круг до денес? Каде се парите од даноците кои Захариев толку упорно ги собираше од сите граѓани, фирми и институции во Штип? Каде се парите од уплатите за вода и други комунални услуги во ЈП „Исар“? Каде се, конечно, парите кои од буџетот на општината ги добиваше ЈП „Стипион“?

a2a13Одговор нема. Екс градоначалникјот-фалбаџија Илчо Захариев, кој пред да ја загуби власта зборуваше за „прекрасен буџет кој овозможува непречена работа за многу години понатаму“, Ангел Бојаџиев, директорот на ЈП „Исар“ кој не смееше збор да каже без одобрение на Илчо и Игно Иванов кој седна во фотељата на неговиот брат Тони Јовев, како во дупка да пропаднаа. Нема кој да даде отчет, не ги гледаме овие луѓе во градот иако претходно не се симнуваа од некои наши медиуми од каде ни солеа памет за нивната „генијалност“.

Што се случи од 29 овој месец кога беше вториот изборен круг до денес? Каде се парите од даноците кои Захариев толку упорно ги собираше од сите граѓани, фирми и институции во Штип? Каде се парите од уплатите за вода и други комунални услуги во ЈП „Исар“? Каде се, конечно, парите кои од буџетот на општината ги добиваше ЈП „Стипион“?

„На 31 октомври мојот претходник Захариев ми рече дека на сметката на општината имало 4,3 милиони денари. Три дена подоцна (3.ноември) на сметката се соочив со сума од 3,3 милиони денари. Времето до примопредвањето на функцијата која не се случи, зашто Захариев не дојде во кабинетот цивилизирано да го предаде мандатот, екс градоначалникот го искористил еден милион денари од буџетката сметка да ги префрли на сметката на „Коле Транс“, вели градоначалникот Благој Бочварски.

Илчо, Ангел, Игно
Илчо Захариев, Ангел Бојаџиев, Игно Иванов

Бочварски додава дека биле испразнети и сметките на двете јавни претпријатија па вработените не можеле да земаат плата.

„Сега бараме начин како на луѓето да им дадеме плата за тоа што го работеле во последниот месец, нема друго освен да мора да се снаоѓаме и да најдеме начин да го решиме ова прашање“, укажува Бочварски.

Захариев и во овој случај одигра подло и подмолно. Го отегнуваше примопредавањето на функцијата со цел да исцрпи што повеќе пари од сметката на општината. Што и се случи. Другите двајца (директори) не се ниту за споменување. Тие за ништо не одлучуваа зашто де факто директор на двете јавни претпријатија во Штип беше Захариев, што е општопозната работа во градот под Исарот.