ШТИП: Клиничката болница добива две болнички возила од Јапонија

46

Штип, 09.03.2018

Д-р Ален Георгиев, директор на Клиничката болница Штип и Кеиго Ханеда, амбасадорка на Јапонија во Македонија денес во Скопје потпишаа договор со кој Владата на оваа нам пријателска држава на Клиничката болница во Штип која е од регионален карактер и подарува две нови транспортни болнички возила.

28951909_601773896833234_7423449284319641600_nНа церемонијата присуствуваше и градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

„Секогаш напред и секогаш во интерес на пациентите. Болницата и квалитетните услови во неа, пациентите кои ги користат нејзините услуги секогаш ни се во прв план. Огромна благодарноста до владата на Јапонија за донацијата“, вели директорот Георгиев кој информира дека возилата наскоро ќе стигнат во Штип и ќе бидат ставени во служба на пациентите..