ШТИП-КОЧАНИ: ВМРО ДПМНЕ стана промотор на Лажни вести

19

Штип-Кочани, 09.02.2018

Општините организации на ВМРО ДПМНЕ во Штип и Кочани го прифатиле „модерното време“ па со примена на системот на Лажни вести се обидуваат да си вратат некој процент од одамна загубената вредност на политичкиот простор.

Ова го тврдат од кабинетитре на градоначалниците на Штип и на Кочани. Лажните вести, според реакциите, дошле по отчетите на Благој Бочварски, штипски градоначалник и на Николчо Илијев, градоначалник на Кочани за стореното во нивните први 100 дена.

„Ја намаливме цена на вода за пиење, испроектиравме нова детска градинка, обезбедивме средства за допроектирање на браната на река Отиња, обезбедивме Општина Штип да биде првата наредна гасифицирана Општина, во нфраструктурата се зафативме со тампонирање, рурален пат, реконструкција и пробивање нови тротоари, корегирање на ниво на шахти, чистење отворени атмосферски канали, укината е наплата на паркинг, партнерно беше уредено дворното место во градинка во Ново Село, имавме квалитетна дебата и подготовка на сообраќајни решенија, остваривме средби за прекугранична соработка, имавме средби со претставници на меѓународна заедница, започнавме со подготовка за прифатилиште за бездомни животни, донесовме план за јавен градски превоз, го зачувавме споменот на Киро Глигоров и борците од НОБ. Остваривме успешна соработка со невладини организации, граѓански здруженија и слично“, одговорија од кабинетот на Бочварски на критиките на ВМРО ДПМНЕ дека во Штип ништо не  било направено во изминатите 100 дена.

Од Општината укажуваат дека во понеделник во 12 часот во големата сала на општината ќе биде промовирана брошура која претставува резиме на изминатите сто дена и сите активности коишто биле реализирани или започнале со реализација, па покрај добронамерните граѓани го покануваат и раководството на ВМРО ДПМНЕ изворно да се информира за да не лиферува лажни евсти. Новогодишен базар

„Работевме јавно и транспарентно, за сите потреби дебатиравме со граѓаните и со стручната јавност, сите одлуки ги носеше Советот на општината. Колку за илустрација – наспрема вашите фалби за потпорните ѕидови и бетонирани улички – ние во првите сто дена добивме 13,5милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“.  Вие ставивте нови прозорци во училиштата – но ги потонавте во долгови од 43 милиони денари. Зборувате за партизација во образованието – а заборавивте дека на сила ги носевте наставниците на митинзи и ги претворивте во партиска машинерија“, гласеше одговорот од кабинетот на градоначалникот Николчо Илијев.

Во продолжение актуеланата власт во Кочани ги потсети вмровци дека тие спомнувале зголемување на данок но притоа заборавиле дека во нивно време, во 2009 година, со нова методологија сите граѓани добиле повисоки даночни сметки. Исклучоците биле ретки, а нив само вмровскиот врс си ги знаел. –„ Неоправдано спомнувате непотизам – да ве потсетиме ли којсè е вработен во Локалната самоуправа? Нè загрижув вашето критизерство и неинформираносто собено кога зборувате за цената на водата, за која сите знаат дека е намалена. Многу од она што вие го работевте –јавноста не знае. Не може ни да претпостави колку штетни се последиците од работењето на претходната власт. Затекнавме заостанати долгови, судски спорови, безидејна и инертна раководна дминистрација“, изјавија од општината.

Актуечната власт потенцира дека е гола вистина дека таа работи поинаку од своите претходници.  „Во изминатите сто дена финансиската состојба е стабилизирана, разговараме за проекти во кои нема уцени ипровизии, меѓу нив е и браната „Речани“, која ќе продолжи да се гради“  потенцираа од кабинетот на Илијев.