ШТИП: Нова војна помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, овојпат ја спукаа за автопатот

Штип, 27.11.2018

„Автопатот ќе биде во октомври“.

Ова е изјавата на Министерот за транспорт и врски, кога во месец Септември оваа година беше на увид во Штип. Но, очигледно е дека истата била неточна и популистичка и дека партијата на власт нема капацитет да заврши дури и веќе почнати проекти.

Ова, на прес конференција денес го сопштија од Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ

„Во познат стил, СДСМ шири невистини во јавноста, кои имаат директно влијание врз развојот на економијата, образованието, здравството и воопшто, животот на граѓаните. Овој автопат требаше да го поврзи источниот регион со главниот град уште во 2017 година, меѓутоа и на крајот од 2018 година граѓаните не можат да го почувствуваат благодетот на квалитетна инфраструктура.

автопат миладинвоциНеспособноста на СДСМ не е само во реализацијата на капиталните проекти, која втора година по ред е на најниско ниво во последниве  десет години, туку и во менаџирањето со народните пари. Имено, минатата недела на седница на Собрание, Министерот за транспорт и врски, токму за оваа делница побарал зголемување на долгот кон меѓународните финансиски институции за дури 10.4 милијарди денари и обезбедување на сопствени средства за 1.16 милјарди денари. Ова би значело дека поради пробиените рокови, државата дополнително ќе се задолжува и непотребно ќе троши народни пари, а за сметка на тоа граѓаните не добиваат ништо“, рече Вишна Шоорова Ангелова..

На прес конференцијата беше речено дека автопатот Штип – Миладиновци е од огромно значење за развој на сите сектори во Источниот регион. Намалувањето на времето за патување кон Скопје и редуцирањето на трошоците за амортизација на возилата се важни елементи за враќање на парите кај граѓаните – парола со која СДСМ манипулираше со гласачите за време на изборите. И наместо штипјани за кратко време и за малку пари да патуваат во Скопје, власта „си игра“ со трпението на народот, за дневни политички поени и задолжувања на „грбот“ на граѓаните.

„Затоа, им порачуваме на СДСМ, да не го продолжуваат времето за сечење лента – граѓаните не забораваат кој се грижеше за напредокот на државата и подобрување на животот на граѓаните во Штип и регионот, туку во најкраток рок да обезбеди „Живот за сите“, па дури и за обичните граѓани од Штип и Источниот регион“, рекоа од оваа партија.!

На одговор не требаше да се чека долго.

„ВМРО ДПМНЕ се служи со лаги, манипулации и паушални коментари во јавноста.

Сакаме да ја информираме јавноста дека првичниот рок за изградба беше мај 2017 година, но токму поради неспособноста на претходната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ овој рок беше пролонгиран до септември 2017 година. Во тој период владата предводена од СДСМ работеше на експропријација, дислокација на електрични столбови, светилки и низа проспусти кои владата на ДПМНЕ не ги решила.

По барање на изведувачот, заради сите претходни пропусти рокот е пролонгиран за 31 декември 2018 година и притоа не се оштетува буџетот на Република Македонија. За пролонгирање на овој рок гласаа пратениците во Собрание на Република Македонија. За потсетување на ДПМНЕ, се водат судски процеси против нивни функционери за наводни криминали од 150 милиони евра за двата автопати.

Заврши времето на криминал, корупција и проневери на народните пари. Владата предводена од СДСМ ги исправа грешките од минатото и ги решава проблемите на граѓаните. Овој автопат наскоро ќе биде финализиран и пуштен во употреба“ изјавија од СДСМ.