ШТИП: Политика нема, социјала – има

Штип, 12.03.2019

Штипското ВМРО ДПМНЕ денес го обвини градоначалникот Бочварски локалната власт на СДСМ дека на дваесеттина дена пред изборите за претседател на државата правеле манипулации со делење дрва на социјално загрозени семејства,

Нашиот портал пред неколку часа го објави ставот на ВМРО ДПМНЕ во однос на оваа материја.

Предмалку г добивме и соопшштението од Општина Штип. Во него се вели:

-Општина Штип има договор за донација со ЈП „Државни патишта“ со кој е корисник на дрвна маса исечена од експресниот пат Штип-Радовиш.

Бидејќи освен за Територијалната противпожарна единица и казнено поправниот дом во Штип, Општина Штип нема потреба од дрва за огрев, донираните дрва ги подарува на социјално загрозените семејства.

Ја информираме опозициската партија дека овде нема никаква политика, Општина Штип помагала и во иднина ќе продолжи да помага на социјално загрозените семејства.