ШТИП: Признанието „8 Ноември“ за Кит Го, д-р Балабанова, Иванов и Јованова

Штип, 31.10.2018

Советот на Општина Штип на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за доделување на признанието „8 Ноември“ која годинава ја понесуваат четири лица.

Јелена Јованова
Јелена Јованова
Доц.д-р Билјана Балабанова
Доц.д-р Билјана Балабанова

 

 

 

 

 

 

 

Носители на признанието се: компанијата „Кит Го“ за посебни остварувања вво стопанството, доцент д-р Билјана Балабавнова, професорка на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ за остварувања на полето на науката, Мишко Иванов, новинар во ТВ „24 вести“ за подигање на стандардите во новинарството и актерката Јелена Јованова, за остварувања во областа на клтурата.

Предлогот на Комисијата беше едногласно усвоен од советниците.

Мишко Иванов
Мишко Иванов
Кит-Го
Кит-Го

Наградата „8 Ноември“ се доделува по повод Денот на ослободувањето на Штип во четврток на 8 ноември во 11 часот на Свечената седница на Советот на општината на која пред присутните ќе се обрати градоначалникот Благој Бочварски, а ќе настапи и градскиот хор. Новина во прослават на Денот на ослободувањето на Штип ќе биде настапот на Дувачкиот оркестар со дефиле на Градскиот плоштад „Слобода“ на 7 ноември во 17,30 часот и со променаден концерт пред Алејаната на народните херои, на 8 ноември во 10 часот.