ШТИП: Солидарниот фонд стана реалност

Штип, 14.02.2018

Идејата на штипскиот градоначалник Благој Бочварски за формирање солидарен општински фонд стана реалност. Денеска се одржа првата средба на Управниот одбор во проширен состав во кој членуваат претставници од Советот – советничките Слободанка Момчилова и Весна Ничева, Боби Шарковски од невладиниот сектор, Зоран Зарински од медиумите, Владимир Хилјадников од бизнис секторот, д-р Ален Георѓијев од лекарската комора, Никола Камчев од ОО на Црвениот Крст. Во овој фонд е застапен и градоначалникот Бочварски, а дополнително ќе бидаат коптирани и по еден член од Фондот за здравство и Универзитетот „Гоце Делчев“.

DSC_3512Фондот ќе работи како Фондација, а наскоро ќе биде изготвен и статут.

Солидарниот Фонд е потребен како сервис преку кој ќе помагаме, но особено важно е тоа да биде силно контролирано од повеќе институции, здруженија на граѓани, невладини организации, коишто ќе бидат вклучени во управувањето на овој Солидарен Фонд“, истакна градоначалникот Бочварски.

БОЧВАРСКИ: Средствата од Фондот ќе бидат наменети за лечење тешки болести во странство, односно Солидарниот Фонд ќе има строга намена.

Имаше дилеми во однос на тоа што треба да претставува Фондот, дали тој да биде солидарен сервис за повеќе намени на луѓе кои се нашле во неволја или парите од него да бидат само за помош на лица чие лекување чини многу пари, а е изводливо само во странски клиники. Преовлада второто мислење па парите од Солидарниот фонд ќе бидат наменети само за здравствените потреби на штипјани.

БОЧВАРСКИ: Средствата од Фондот ќе бидат наменети за лечење тешки болести во странство, односно Солидарниот Фонд ќе има строга намена.

За соодветно анимирање на стопански организации, институции, граѓани за нивно финансиско учество во Фондот ќе биде изработен медиумски проект па се очекува наскоро во однос на оваа хумана, солидарна штипска новост на најдобар начин да бидат информирани граѓаните на Штип.