Администрацијата во Штип си ја летна од работа, други службеници и странки се тресат во ледарникот

 Штип, 11.01.2017

ilco-zahariev-foto-printscreen-youtube-1477572605-1022019Откако се „преработија“ вработените во штипската општинска администрација точно на пладне  си ја летнаа дома. По наредба на градоначалникот парното е исклучено, големата зграда за миг стана ледарник.

„Па не е само општинската администрација сместена тука, во зградата се и повеќе подрачни единици на министерства, Централниот регистер, Матичната служба на градот, Боречката организација. Што сме ние луѓе или стока. Можеме ли во вакви услови да ги извршуваме обврските. Ако сакаат нивниот дел од паррното нека го исклучат, тоа си е нивна одлука, но не смеат целата зграда да ја остават незагреана“, ни рече еден од вработените во подрачна единица.

Во општинската зграда и денес имаше странки дојдени да завршат некоја работа. Додека чекаа пред шалтери си дуваа во рацете,колку да ги загреат.

„Луѓето кои работат во општинската администрација ги имаат сите удобства, а градоначалникот ако сака да штеди нека го прави тоа дома. Не се на нива, не се на градежен објект та да ги пуштат порано дома поради студот. Тие се тука заради нашите потреби, и мора работниот ден да си го одработат“, налутено коментираше Мерика Н. Која џабе тропаше на заклучената врата од една канцеларија на штипската бирократија.

(в.ј.)

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе