Аргировски сосила ги турка пензионерите во прегратката на Груевски

vele
Пишува: Веле Митановски

Пензионерите се најизманипулираната категорија во Република Македонија што ја налага потребата од итна оставка на Драги Аргировски, претседател на Сојуз на здуженијата на пензионерите на Македонија, за да не дојде до формирање на алтернативен сојуз, како израз на незадоволство од работата на партизираниот и приватизиран постоечки Сојуз.

Со ваков заклучок излегоа, најнапред, незадоволните пензионери од Штип, а потоа и од Прилеп, од Скопје, Охрид, Струмица…
И досега имало незадоволство и јавни реакции за начинот на кој Аргировски го води Сојузот, но до вистинска експлозија од незадоволство дојде откако Аргироски потпиша Меморандум за некаква предизборна соработка со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Мегу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и отпор кон ваквата постапка на централното раководство во Скопје,односно претседателот Аргировски.
Во Штип, во Охрид и во други места, се одржаа и неколку трибини, во знак на протест, на кои незадоволните пензионери огорчено расправаа за состојбите во Сојуз на здуженијата на пензионерите на Македонија .
Се виде дека потпишувањето на такавиканиот Меморандум за соработка во изборен период, е направено на своја рака, најверојатно во кругот на најблиските соработници на Аргировски во Скопје. Не биле консултирани општинските здруженија, или најголемиот број од нив, ниту донеле одлука во мисла на поддршка на потегот на Аргировски.
Според сознанија од општинските сојузи, одлука не донело ниту Собранието на Сојуз на здуженијата на пензионерите на Македонија, затоа што до делегатите не дошла покана за такво нешто. Откако штетата е направена, Аргировски, најнапред, свикал дополнителна седница, но потоа ја одложил за по изборите.Потврда за ова добивме од делегатите од општинските здруженија на Охрид, Дебрца и Струга.

На тој начин, Сојузот, со сегашното раководство, се повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја загуби независноста и самостојноста, а особено непартијноста и навлезе во водите на партиската пристрасност. Тоа, мегу широкото членство на пензионери е примено со огромно незадоволство и отпор кон постапките и одлуките на централното раководство во Скопје, а за што пензионерите се информирани од медиумите.

Незадоволните пензионери од Охрид, писмено и усмено се обратија до својот Сојуз во градот, кој брои околу десетина илјади членови, побараа средба со раководството.Посочија дека не знаат, заедно со повеќеилјадното членство, на кој начин раководството во Скопје, ги остварува контактите со општинскиот Сојуз, колку ги информира, односно дали побарале и дали тие дале согласност за одлукатаво Скопје. Раководството за здруженијата на Охрид и Дебрца, прифати средба, која се одржа во напната атмосфера, затоа што незадоволните побараа оставка од Аргировски и јавно оградување од Меморандумот. Одговорот што го добија и не бешеодговор, зашто беше ниту ДА. ниту НЕ,иако е јавна тајна дека Аргироски воопшто не ги “изесапил”!?
Раководството на Здружението вети дека сите барања на незадоволните пензионери, ќе бидат разгледани на органите, на предновогодишното собрание, закажано за крајот на месецов. Со други зборови – по свадба тапани!
Во писмениот поднесок и непосредниот разговор, тие нагласија дека меѓу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и отпор кон постапките и одлуките на централното раководство во Скопје, а за што како пензионери се информирани од медиумите.

 Десет илјади пензионери од Охрид бараат одговор на прашањето дали претходно, во однос на потпишување на меморандумот, биле информирани и дали дале согласност органите на Здружението, како и двајцата делегати во собранието на Сојузот?
Бидејќи, на пример, охридското Здружение, не било информирано и не дало согласност за потпишување на Протоколот, незадоволните пензионери сметаа дека е неопходно и побара во наредните неколку дена, најдоцна до почетокот на изборниот молк, Здружението јавно да се огради од Меморандумот, со цел да се избегнат натамошни штети по него, а и по целиот Сојуз.
Тие предочија дека раководството на Сојузот сè повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја губи независноста и самостојноста.

Ако Здружението не било информирано, тогаш што останува за членството? Ако не дало согласност, тогаш како во нивно име е донесена одлуката. Поединечните членови не можат да допрат до Аргировски, ниту тој е должен секому да објаснува, но затоа членството делегирало свои претставници во раководствата, преку кои треба да остварува влијание, да добива повратни одговори.
Конечно сите пензионери се исти. Сите плаќаат еднаков износ членарина, но,сепак, не се исти, по многу прашања, па и од аспект на политичките убедувања. На овој начин, официјализирајќи предизборна соработка со една политичка партија, што е спротивно од Статутот на Сојузот, Аргировски сосила ги турка пензионерите во прегратката на Груевски. Затоа, незадоволните пензионери побараа раководствотона Здружението , преку органите и медиумите во Охрид, да го информирате повеќе илјадното членство, односно целокупната јавност во Охрид за новонастанатата состојба.

– Сметаме дека раководството на Сојузот, се повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја губи независноста и самостојноста, а особено непартијноста и навлегува во водите на партиска пристрасност – напишаа незадоволните пензионери во, писмото до раководството на општинскиот Сојуз за општините Охрид и Дебрца.
На одржаните трибини, пензионерите јавно се пожалија на животниот стандард, манипулациите на власта со таканареченото покачување на пензиите, а немаат доверба и во начинот на кој се управува со парите од нивните пензии.

Сојузот на пензионери на Македонија, преку општинските здруженија, секој месец, од секоја пензија запира по 150 денари за таканаречен „солидарен фонд“, од кој 30 денари остануваат за здруженијата, а 120 одат на посебен фонд во Скопје, од кој дел се исплатува определена сума за погребнина на починат пензионер. Сепак, се поотворени се сомнежите дека раководството на Сојузот на пензионери успешно менаџира со средствата кои ги одвојуваат од пензиите околу 270.000 граѓани.
Пензионерите се жалат и на манипулации со партиципација за лекови во висина од 4.200 денари месечно, која е двојноповисока ако се земат предвид лековите кои не се наоѓаат на позитивната листата на Фондот.
Незадоволни се од изборот на луѓе за бесплатно бањско лекување, сметајќи дека има селективност во овој пристап и побараа да се почитуваат критериумите.

На сите досега одржани собири, незадоволните пензионери, го поставија прашањето за итна оставка на Аргировски, или за формирање на алтернативен Сојуз, за што постои статутарна можност. Алтернативниот сојуз ќе има за цел да ги обедини пензионерите кои сакаат да се сепарираат и да имаат многу поефикасна контрола над парите за членарина кои им се одбиваат секој месец од пензиите во корист на сегашната организација.
Но, тоа би значело цепење на членството, а тоа може да го спречи само оној што ја предизвика оваа бура од незадоволство и протести – Драги Аргировски, претседател на Сојуз на здуженијата на пензионерите на Македонија. Се разбира, само со итна оставка.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе