Балканска одбојка на песок ќе се игра во Штип

Штип, 12.07.2018

Во Штип ќе се игра одбојка на песок во рамите на Балканското првенство за репрезентации до 21 година во машка и во женска конкуренција.

Дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ ќе биде местото на кое ќе се одржува првенството кое е во организација на Одбојкарскиот сојуз на Македонија и Општина Штип.

волеј1 (1)Беа пријавени екипите  на Македонија, БИХ, Србија, Молдавија, Албанија, Косово, Турција, Црна Гора но во последен момент учеството го откажаа Србија, најверојатно поради учеството на Косово и Турција од засега непознати причини. Сепак, организаторите велат дека сеуште не се изгубени сите шанси за учество и на турската репрезентација.

Вечерва во 20 часот, во хотел „Оаза“ ќе се одржи ждребката за групите, а првиот натпревар започнува утре, 13. о.м. со почеток во 8,30 часот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе