„БАНДИТОТ НЕВИДЕН“ ПАК ИЗЛАЖА!

Штип, 13.10.2017

Саше Политико, сопственик на порталот Мактел денеска му упадна во „системот“ на Илчо Захариев. Го сотре со прашања на кои Захариев, за да најде соодветни одговори, започна да пелтечи. На крајот тој дури и ја згреши вратата од својот кабинет па се втурна во канцеларијата на неговата советничка каде се забарикадира!

Погледнете го видеото а под него причитајте го и нашиот текст.

https://youtu.be/g9BI23DbHts

Илчо Захариев, градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат, кој од сопартијците ја доби титулата „Бандит невиден“ пак излажа. Откако Саше Политко го притисна до ѕид, и за порталот Мактел му го постави прашањето за неговата ќерка и за тоа каде таа работи во Бугарија, Захариев го рече следново:

„Мојата ќерка работи во лабораторија за испитување на лекови, во ПРИВАТНА КОМПАНИЈА во која има 300 вработени“..

ИЛЧО пак ја излажа македонската јавност.

Имено, во дебатата со противкандидатот Благој Бочварски на МТВ, на истото прашање Захариев даде вакво одговор:

„Мојата ќерка беше првенец на генерацијата во Софија, Бугарија, таа нема никакви приватни аптеки таа работи во ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО“…

 Добро бре штипјани до кога ќе верувате на човек кој во само десет дена кажува вакви ЛАГИ?

Мислам дека се во право оние кои тврдат дека ќерката на „Бандитот невиден“ има ланец од аптеки, поради што нејзиниот татко секој ден мора да ја менува приказната, односно НОТОРОНО ДА ЛАЖЕ!

Toј мора точно да одговори: каде НАВИСТИНА  работи неговата ќерка? Да не мора да одиме до Софија да проверуваме, иако извесни проверќи веќе се направени.

Второ: дали е точно дека пред два месеци на неговата ќерка и купил џип од 90.000 евра, а џипот се водел на вработен во фирмата на керка му, колку да не се „сетат власите“!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе