Барам жена!

Штип, 05.08.2018

Низ Штип на огласни табли за умрени, за културни настани, на ѕидови, на дрвја, на електрични столбови се лепат разноразни огласи. Преку нив најчесто се нудат станови за студенти, неретко некој граѓанин настојува на овој начин да си го продаде стариот автомобил, има огласи на кои се нуди изработка на магистерки или докторски труд, трети ја рекламираат својата вештина за подобро здравје на народот…

Деновиве на огласната табла пред Стопанска банка, на која се лепат некролози за покојници, наидовме на огласот од фотографијата која ја нудиме во прилог.

Штипјанец (најверојатно) залепил оглас со следнава содржина:

БАРАМ ЖЕНА

ПЕНЗИОНЕР 59 ГОДИНИ

НЕ ПУШАМ, НЕ ПИЈАМ, ИМАМ КУЌА, КОЛА

ПЕНЗИЈА 25.000 ДЕНАРИ.

Најдолу стои бројот на мобилниот телефон на човекот кој бара и сака на ваков начин да си најде другар и брачен сопатник до крајот на животот.

Ние му посакуваме многу среќа со напомена другпат да не лепи огласи за убав живот на огласни табли на кои се лепат некролози.

Од друга страна овој оглас ни дава нова идеја: на повеќе места во градот да се постават табли за СРЕЌНИ огласи на кои ќе се лепат само пораќи кои едно лице или повеќе луѓе ќе ги направи среќни….

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе