Баш тaка како што му личи на Штип

26.10.2021

Битката и на политичкиот терен трае додека трае, а потоа му се честита на победникот и му се посакува успешна работа во интерес на сите во локалната заедница.

Таква порака преку својот фб профил до јавноста денес испрати екс градоначалникот д-р Сашко Николов со што ја покажа и уште еднаш докажа својата човечка големина.

Еве ја порака на д-р Николов:

-Денеска со кафе и цеден сок, ја предадов функцијата градоначалник на општина Штип, на новиот градоначалник Иван Јорданов.  Општина Штип ја оставам во одлична финансиски ликвидна состојба:

– Сметка на Општина Штип: 47.000.000 денари.

– Сметка на ЈП Стипион: 4.100.000 денари (дополнителни 500.000 денари од паркинг наплата)

– Сметка на ЈП Исар: 9.000.000 денари.

Оставамe 22 проекти, со обезбедени финансии, со завршена јавна набавка и потпишани договори со изведувачи, каде се чека нивно започнување.

Му посакувам успешна, чесна и пожртвувана работа на градоначалникот Иван Јорданов, каде сите граѓани на Општина Штип ќе бидат еднакви.

Токму така како што му личи на Штип, град на високата политика, универзитетски, економски, здравствен културен, спортски центар на Источниот регион.

Ваш,

Д-р Сашко Николов

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе