БЕЛГРАД: Утре „Сатира фест 2018“ , учествуваат и Ѓоргијоски и Долински

Белград, 09.10.2018

Утре во Белград ќе се одржи Меѓународниот фестивал на сатира „Сатира фест 2018“. Фестивалот ќе биде отворен во19,30 часот во Задужбина Илија М. Коларац. Фестивалот го организира Белградски афористички круг, а истиот се одржува под слоганот „Во кралството на афоризмот“..

SATIRA FEST 2Фестивалот е посветен на 120 годишнината од објавата на првата  првата книга афоризми во Србија која ја напишала кралицата Наталија Обреновиќ.

На фестивалот ќе учествуваат 34 афористичари од Швајцарија, Македонија, БИХ, Црна Гора и Србија.

Македонија ќе ја презентираат познатите афористичари Миле Ѓоргијоски и Витомир Долински.

Миле  Ѓоргијоски годинава на фестивалот „Шабачка чивијада“ во Шабац освои гран при, а истото врвно признание го доби и во 2013 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе