БЕРОВО – ПОДОБРА ОПШТИНА ЗА СИТЕ

Берово, 22.02.2018

  • Сто дена од мандатот на градоначалникот Звонко Пекевски

Беровскиот градоначални Звонко Пекевски, согласно својата определба за отчетност и транспарентност во работата, преку медиумите ја испраќа информацијата за сработеното во првите 100 дена од неговиот мандат. Истокпресс го донесува обраќањето на Пекевски во целост.

Звонко Пекески
Звонко Пекески

-Tранспарентноста и отвореноста беа првите точки од програмата кога ја баравме довербата на граѓаните и цврсто се држиме до тие ветувања за кои очекувме од Вас како медиуми  подршка но и критички осврт со кој ќе ги лоцираме и решаваме проблемите и отстрануваме на евентуалните грешки. Со таа цел секојдневно на порталот на Општина Берово и на официјалниот профил на социјалните мрежи на градоначалникот се известува за сите активности на градоначалникот и општината- планови и проекти во најава, реализирани проекти, средби, посети, изјави,соопштенија…

За да обезбедиме поголема транспартнетност и редовна комуникација на општина Берово со граѓаните и со медиумите, би сакале да ве замолиме и охрабриме редовно да  ја следите работата на градоначалникот, Советот на општината и општинската администрацијаза. Ве повикуваме да поставувате прашања, да ги анкетирате граѓаните за нивните проблеми и потреби, да го мобилизирате креативниот потенцијал со нови предлози и идеи, да реагирате на секој пропуст, ненавремен одговор и реакција, некоректен, несоодветен или недоличен однос на официјалните претставници на локалната самоуправа.

Со еден збор Ве повикуваме заеднички да ги исправиме сите неправилности, да ги потенцираме, надградиме и наградиме сите позитивни примери и да го направиме секој жител одговорен граѓанин кој будно ги следи состојбите во својата општина и секојдневно придонесува Берово да стане подобро место за живеење.

Комуникацијата и проблемите на граѓаните ни се на прво место. Градоначалникот Пекевски со преземањето на општината, за да му излезе во пресрет на секој човек кој има потреба и барање од општинската администрација, воведе приемни денови секој работен ден и сабота. Во принцип нема граѓанин во Берово кој побарал да се сретне со градоначалникот или со општинската администрација за било каков проблем, идеја или потреба, а на тоа барање да не му е одговорено во најкраток можен рок. Во таа насока продолжуваме до крајот на целиот мандат бидејќи транспарентноста и отвореноста се континуирана состојба и практика со кои планираме да ја водиме општина Берово.

Реализирани проекти во првите 100 дена. Реализацијата на планираните проекти во првите 100 дена поминува според сите планови и рокови однапред зададени и договорени, иако многу време изгубивме во ревизија на работењето на претходниот градоначалник и утврдување на сите неправилности со кои претходно се работело. Донесен е буџет кој е креиран на партиципативен начин по остварените средби со граѓаните и Месните заедници и кој ги антиципира потребите на Општината и граѓаните, но кој морам да истакнам е и лимитиран со долговите и блокадата која ја наследивме на општинската сметка.

Во многу краток рок со силни заложби и посветеност успеавме да асфалтираме важни улици кои беа неверојатно руинирани, на што сме особено горди.

Го промовираме Берово како туристичка дестинација преку учество во голем број иницијативи, форуми и конкретни маркетинг активности.Тука се и меѓународните соработки и меѓуопштински соработки кои ги отворивме во овие три месеци кои констнтно се случуваат и би требало Берово да го направат попозната и атрактивна туристичка дестинација и секако да ја подигнат локалната економија.  Би сакале попрецизно да ги наброиме сите проекти кои досега се сработени и почнати во овие први 100 денови од маднатот на Градоначалникот Пекевски:

– Во предвидениот рок успешно се заврши еден од најголемите проекти „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Берово“ , во кој е изградена мрежа од 29 км, а беа опфатени населените места Смојмирово, Владимирово, Берово и Туристичката населба Беровско езеро, а во градот Берово и атмосферска канализација.Во рамкитена проектот алфалтирани се 8 улици:Улица 11 Октомври во должина од 535 метри, Ул. Бел камен во должина од 290 м, Ѓуро Ѓаковиќ во должина од 220м, Крушевска Република во должина од 290м, ул. Марковска во должина од 230м, ул. Малешка во должина од 140м, Ул. Дамјан Груев 240м и ул. Карпош 200 метри. Или поставен е асфалт на вкупна површина од 2145м2. Со тоа во краток период се изврши реконструкција на неколку витални улици на кои беше потребно итно да се интервенира. Проекот беше подржан од Европската унија преку МЖСПП во рамки на ИПА програмата за регионален развој со околу 4 милиони евра.

– Во тек е проектот  кој се реализира преку програмата за погранична соработка, а каде една од главните активности е изградба на резервоар со филтер станица и доводен цевовод во Беровско езеро. Покрај инфраструктурните активности ќе се изготват и ИТ алатки со поставување на лед дисплеи и веб страна како и софтверски апликации за мобилен во соработка со партнерската општина Сандански од Република Бугарија.

– Преку Програмата за зачувување на природата, а во соработка на трите општини Берово, Пехчево и Делчево се аплицираше со проект за кој е одобрено финасирање и преку кој ќе ја подобриме туристичката понуда со отварање на Туристички информативни центри, обележување на туристички патеки, нова сигнализација со табли и патокази и друга урбана опрема.

– Во финалана фаза е тендерската документација за изградба на Зелен пазар во Берово со обезбедени средства од проектот МСИП на Светска Банка, а подржан од ЕУ, во висина од 134.550 евра.

– Изготвена е техничка документација и обезбедена е финансиска конструкција за градежните работи за втората фаза за проширување на Домот за стари лица во Берово, а се прават напори за обезбедување на средства за опремување и пуштање во употреба со зголемување на бројот на корисници.

Продолжуваме отворено, отчетно, транспарентно и посветено. Сите планирани проекти мора да ги оствариме. Веројатно ќе излезат и многу нови идеи и размислувања кои ќе добијат своја конкретна форма и нив ќе се трудиме да ги реализираме. Берово веќе е и уште повеќе ќе биде подобра општина за живот за сите во неа. Транспарентноста, отчетноста и посветеноста на решавањето на проблемите на граѓаните, како на лично така и на системско ниво, секојдневната комуникација и средби и отвореност треба да бидат  гаранција за вистинска посветеност и решеност на градоначалникот и целиот негов тим, Берово да стане пофункционален, почист, поубав, поорганизиран и подобар град. Затоа уште еднаш Ве покануваме секогаш будно да ја следите нашата работа како новинари и медиуми. Професионалното новинарство освен што е коректор на работењето на општината со самото тоа е и своевиден промотор на работењето и сработеното на сите проекти кои се во полза на граѓаните.

Силно сме посветени кон подобрување на условите за привлекување на инвеститори и соработка со бизнис заедницата со цел отварање на нови работни места и враќање на животот во општина Берово.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе