Боров Дол го направи сефтето

Штип, 12 Декември 2018

Дојдоа рударските машини на рудното тело Боров Дол и започнаа со раскривка на 13 милиони тони јаловина. Сефтето е направено, а со овој чин започнаа активностите на новото рудно тело кое треба да го продолжи животот на единствениот рудник за бакар во државата – „Бучим“.

На церемонијалниот чин присуствуваа Николајчо Николов, управител на „Боров Дол“, градоначалниците на Конче и на Штип Благој Илиев и Благој Бочварски, и експерти од рударството и геологијата.

slika Nikoljacho Nikolov-Во моментов работиме на раскривка на 13 милиони тони јаловина за да дојдеме до рудата чија експлоатација ја планираме за месец април, 2020 година. Рудата од Боров Дол до флотацијата на Бучим ќе се носи со бескрајна трансортна трака долга осум километри. Вкупната инвестиција изнесува 50 милиони евра, рече Николајчо Николов.

Во нашата држава, според Николов, цели тиесет години не е отворен нов рудник или ново рудно тело. Ставањето во функција на Боров Дол ќе значи продолжување на економскиот живот на рудникот Бучим, а Боров Дол е условот кој ги гарантира работните места и социјалната сигурност на 700 вработени во Бучим.

Целата постапка за отоворање на новото рудно тело е водена транспаренто и согласно законите во нашата држава кои ја тангираат оваа материја. Меѓу другото, со населението од општините Штип, Конче и Радовиш се одржани јавни расправи на кои граѓаните биле информирани за Боров Дол од аспект на животната средина.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе