„Боров Дол“ ја даде пратеничката Лилјана Поповска на суд

Радовиш, 15.08.2017

  • Поповска на прес конференција жестоко не наклевети и навреди, побаравме јавно извинување од неа, но таа не сакаше ниту да го прими писмото кое поштата ни го врати, се надеваме дека ќе има доблест да се појави пред суд и таму да се обиде да ја одбрани својата теза за наводниот „рудник на смртта“, велат од „Боров Дол“

„ДОМ ја информира јавноста дека се спрема отворање на нов рудник на смртта „Боров Дол“, помеѓу Штип, Радовиш и Конче кој треба да биде уште еден површински коп за бакарна руда која би се лужела со сулфурна киселина директно во отворен базен на планината. Ова веројатно ќе се поткрепи со лажна студија за оценка за влијанието врз животната средина“.

Nikolajco bucim
Николов

Со ваква изјава пред медиумите, на 21 минатиот месец, излезе претседателката на партијата ДОМ и актуелна пратеничка Лилјана Поповска.  Одговорните во „Боров Дол“, изјавата на Поповска ја оценија како неаргументирана, непримерена, неточна, неодговорна, измислена дезинформација која може да ја даде само личност која нема никакво знаење од една значајна стопанска гранка каква што е рударството.

liljana-popovska-86613
Лилјана Поповска

„Во настапот на Поповска се изнесени тврдења полни со навреди и клевети за правното лице „Боров Дол“-Радовиш и неговиот орган на управување. Поради тоа    на Поповска и испративме писмо со барање за извинување и демантирање на кажаното од нејзина страна, но таа не сакаше ниту да го прими писмото кое по пошта ни беше вратено назад. Од Поповска побаравме во рок од 24 часа, на прес конференција, да ни се извини и јавно да ја повлече навредливата и клеветничка изјава, но таа во определениот рок не го стори тоа. Ние немавме друг начин да си го заштитиме авторитетот кој во семејството на националната економија го градиме 13 години откако компанијата „Солвеј“ го рестартираше рудникот „Бучим“, па на нашата адвокатска канцеларија и дадовме налог да подготви тужба против нес . Сега таа на суд ќе мора да ја докажува вистинитоста на својата изјава. Се надеваме дека ќе има храброст и доблест да се појави пред судот кога веќе немаше храброст и моралност да го прими писмото и да се извини“, ни изјави управителот Николајчо Николов.

Николов појаснува дека концесија за детални геолошки истражувања за локалитетот „Боров Дол“ добиле пред повеќе години, дека е изработен елаборат за рудните резерви, а по поднесените други потребни документи била добиена и концесија за експлоатација.

„Бидејќи се работи за мало рудно тело од околу 40 милиони тони сулфидна руда која се преработува по пат на флотирање, а не со лужење како што тврди Поповска, истата ќе се транспортира преку бескрајна транспортна лента до рудникот „Бучим“ каде ќе се преработува. Со тоа векот на рудникот ќе се продолжи до 2032, а во најдобра варијанта, со евентуално проширување на „Боров Дол“ и до 2042 година.

Инаку, „Боров Дол“ од рудникот „Бучим“ е оддалечен само осум километри.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе