Боцкаво лето, нов роман на д-р Даница Фичорска

 Штип, 24.02.2019

Untitled-1Од Македонија до Австралија, од Австралија до Сахара, во тоа огромно пространство се сместени ликовите во романот Боцкаво лето на д-р  Даница Фичорска. Познатата докторка сега во пензија, во центарот на романот како главен лик ја сместува баба Дона, околу која се врти суштината на приказната. Тука се и нејзините внуци Иван, Елена, Деа и Благуна, а во приказната свое место си има и кучето Леон, чуварот на куќата на баба Дона и нејзин најверен пријател кога таа останува сама дома.

Добрила Јовева, професорка во пензија, преку убава рецензија ни соопштува зашто романот на д-р Фичорска е податливо за читање прозно дело и зашто тоа треба да стане дел од секоја домашна библиотека.

Јасниот и за секого привлечен стил на кој е напишано делото, убавите, прецизни реченици, смислата на секоја од приказните сместени во 47 глави, го мотивираат  читателот во еден здив да го прочита романот Боцкаво лето. И поради сето тоа ние најтополо го препорачуваме овој роман на д-р Даница Фичорска како семејна литература која може и треба да биде дел од секој наш дом кој држи до книгата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе