БОЧВАРСКИ: Ние сме на најважната крстосница – ќе не биде или не!

Штип, 08.09.2018

Градоначалникот на Штип и потпретседател на владеачката СДСМ Благој Бочварски прво им го честиташе на граѓаните на Македонија 8 септември, Денот на нашата независност, а потоа се обрати и на отворањето на традиционалните среди на инвалидските пензионери кои денес се држуваат во Штип.

bocvarski01„Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија. Денот на историското „ДА“ на граѓаните на Република Македонија кое значеше независна, самостојна и суверена држава.

Историјата ја пишуваат тие што носат одлуки, а не тие што се кријат. Ние сме таа генерација која треба да донесе одлука за иднината на државата.

Пред 27 години Македонија покажа зрелост за самостојна држава. Низ годините, сите ние заеднички минувавме низ различни искушенија, минувавме низ многу успеси и падови, градевме пријателства за кои сме убедени дека ни се потребни.
Македонија денес се наоѓа пред уште една историска одлука, а граѓаните се на најважната крстосница: ќе нѐ биде или не. Ако во 1991 година гласавме За самостојна и суверена држава, денес сме пред одлука каде ќе чекори нашата држава во иднина. Историјата ја пишуваат тие што носат одлуки, а не тие што се кријат. Ние сме таа генерација која треба да донесе одлука за иднината на државата. Денес сме на чекор од влез во семејства во кои ќе ги споделуваме заедничките вредности и начела, а тоа се: демократијата, реформите и владеењето на правото.
Да застанеме рамо до рамо до светските сили.
Како и во 1991, така и денес веруваме дека нашите граѓани ќе донесат мудра и државничка одлука, одлука со која сите ќе се гордееме, нов 8 септември за идните генерации, порача Бочварски,

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе