БОЧВАРСКИ: Четири конфекции шијат заштитни маски

Штип, 20.03.2020

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денес на својот фб.профил објави дека бил во посета на две текстилни фабрики.-Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната секојдневна работа да помогнат на докторите, полицајците, пожарникарите, пензионерите, граѓаните, напиша Бочварски.

KONFREKCIJAТој додаде:

-Веќе од денеска започнуваме со распределба на заштитни маски по нашите институции. Од денеска фабриките Албатрос и Дик Фагус ги ставија на располагање дел од своите капацитети како помош во шиењето на заштитните маски. Вчера тоа го направија конфекции ВАБО и ЕАМ. Само заедно ќе се избориме со овој вирус, порача градоначалникот.

BOCVARSKI KONFEKCIJAЗа само два дена четири штипски фирми од текстилната индустрија ургентно сее нафатија да помогнат во обезбедување на материјал и шиење на заштитни маски. Тоа се конфекциите ВАБО, ЕАМ, ЛАРС, АЛБАТРОС И ДИК Фагус.

MASKI-Утре на Kризниот штаб ќе му предадеме 3.000 маски кои се шијат во нашата конфекција. Тука сме за заедно да си помогнеме во овие тешки моменти, ни изјави Ване Богдов, сопственик на конфекцијата ВАБО.

(и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе