Вандали насекаде околу нас

Штип, 29.03.2017

 

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Оскренавени бисти на борци, испокршена просторија на КУЦ „Текстилец“, единствената оаза на штипската работничка класа, тоа е резултатот од дивеењето на вандалите во последните два дена во Штип.

Атакувано е на крајно непримерен, примитивен, злобен, нецивилизиран начин на најголемите светости за кои знае овој свет. На бистите на борците кои ги дадоа своите млади животи за достоинствен живот во слобода, на момчињата кои храбро му се спротивставија на фашизмот како најголемо зло на 20 век. Мора да се работи за лица со крајна ретардација во своите глави кога на таков начин испраќаат некои свои пораки.

Имено, атакувано е на бистите на првоборците Васил Доганџиски , Ѓошо Сламката, Митко Цецов. Не остана покусо ниту еден од Спомениците на револуцијата на Исарот, драгоцен историски паметник дело на истакнатиот светски архитект и сестран уметник Богдан Богдановиќ кој беше и градоначалник на Белград.

Glasno
Разбиени простории на КУЦ „Текстилец“

Речиси во исто време беше нападнат и демолиран и Културно уметничкиот центар „Текстил“ во кој е сместена канцеларијата на „Гласно“, институција која се бори за правата на работниците. На кого може да му пречи една ваква институција, посебно во услови кога Македонија нема синдикат, а работниците се оставени на (не)милоста на газдите во новиот капитализам, не е познато. Од „Гласно“ порачуваат дека ова нив нема ниту да ги направи жртви ниту да им влее страв и дека уште посилно ќе работат на правата на работниците како своја света обврска и должност.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе