Веле Митаноски, по повод последната распределба на средства во МК: Тешко е да се биде пророк во сопственото село, особено ако е тоа без кучиња!?

Охрид, 18 јуни 2020

– Ниту ќе го бараме СУДИЈАТА – Антикорупциска комисија, ниту ќе се фатиме за калкулаторот да  мериме и споредуваме – кој колку добил, или не добил –  по национален клуч (критериум), ниту, пак, ќе се жалиме кај КАДИЈАТА – Министерството за култура.  Ако до тој степен сме ја фатиле удолницата и сме го навртиле морето да се дави во реката, тогаш ќе се давиме во него – и ние, заедно со останатите засегнати.

vm03Со овие зборови, реагира познатиот новинар, колумнист и публицист  Веле Митаноски, оснивач и реализатор на Балканскиот поетски камп за деца и млади: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”, на објавените резултати од Конкурсот за финасирање проекти од национален интерес.

-Ако сакаме да иронизираме, а иронијата,како што тргнало,  ќе ни остане последната татковина, можеме да кажеме дека, ние, дури, треба да бидеме и задоволни. За “Балканскиот камп” не добивме ниту денар, така што ни останува утехата, дека, лани ни дадоа, дури, илјада евра! Во истиот контекст поднесовме проект, поврзан со  одбележувањето на108. годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески – Тематска работилница:  “ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И КРЕАТИВНА ОБНОВА НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ”, со поднаслов: “ЦАРСТВОТО НА ДЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА – ВАНЧО НИКОЛЕСКИ”. Несфатливо е како Министерството не се заинтересирало за чевствувањето на основоположникот на литературата за деца и млади, дело што до, пред  четврт, век беше обврзувачка лектира – од  Гевгелија до Триглав и Караванките, вели Митаноски.

vm02Тој додава дека го  искористиле  поводот да побараат,  навистина,  скромна сума, за еднодневна работилница, посветена на  современите аспекти и актуелната позиција на литературата за деца кај нас.

Mитаноски  е особено  изненаден  од  фактот што  манифестацијата – Балкански поетски кламп за млади, е прескокната и од аспект на мегународната соработка, особено соработката со  УНЕСКО, на што, особено, инсистира  Министерството за култура.Имено, кампот од старт доби поддршка од Светската академија на поезијата на УНЕСКО. Минатата година со писменото послание на генералниот секретар на Академијата, д-р Лаура Троиси, а  годинава, со прифатената покана,д-р Троиси  да дојде во Охрид,  токму за време на оджувањето на Кампот и по повод на таа манифестација – од 19 до 23 јуни. Ова е уште една потврда на старата мудрост, дека е тешко да се биде пророк во сопственото село, особено ако селото е без кучиња (за да го одбранат), горко, се шегува Митаноски.

-Министерството за култура инсистира на партнерска поддршка на проектите. Ние на писмено доставивме дека  станува збор за регионален проект, кој има декларативна и финасиска поддршка од три општини:  Дебрца, Охрид и Вевчани. Самата манифестација доживеа сосема пристоен поблицитет во земјата и соседството, што само оди на контото на самото министерство, на транспарентноста и оправданоста, ако се знае дека силни милиони одат на места и адреси, за кои ништо ниту се знае,ниту се дознава, категоричен е Митаноски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе