Виница внесе нова, позитивна енергија во образованието

Виница, 22.12.2017

Првооделенчињата во ОУ “Славчо Стојменски” во Виница денес добија подароци од Дедо Мраз, маркети како нагледни средства и други едукативни материјали кои ќе им овозможат повеќе забава во наставата.

IMG-bfc32302fb9467fb77b78fa9163d6455-VДел од материјалите се изработени за време на проектот “Забава со Нина и Стефи” и се наменети за учење преку игра. Додека маркетите биле изработени специјално за донацијата.  Помош добиле и од неколку пријатели, генерален спонзор е компанијата Макпрогрес, а несебична поддршка визионерите добиле и од Александра Кирилова, менаџер на Централ Хотел и Парк Кафе

received_2188497774509097Нивната визија е да вметнат повеќе креативност и пракса во наставата и да допринесат за подобро образование.

Иницијативата на Стефанија Диванисова и Николина Атанасова со задоволство ја прифатија директорот и вработените и им доделија благодарници и подароци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе