ВИНИЦА: Одлична креативна работилница на уметницата Маријана Иванова

Виница, 13.11.2019

Марија Иванова, уметница, м-р по убави уметности деновиве реализира одлична идеја. Во соработка со Домот на култура „Тошо Арсов“, уметницата во Виница реализира тридневна работилница по графички дизајна во која учество зедоа ученици, професори, наставници кои задсебе оставија 27 уметнички делаВакво нешто за првпат се организира во Виница, мал град во кој се случуваат големи уметнички настани

vi03_800x530-Исклучително сум задоволно од фактот дека на работилницата се пријавија 27 учесници од Виница и Кочани кои јас како модератор ги обучував во три области; историја на графички дизајн; модерните тенденции и графичкиот дизајн кај големите компании, како и искуства со клиенти. Интересот беше доста голем, може да се забележи и од оваа изложба на која секој учесник може да го види својот финален производ од работилницата.“, рече Иваанова.

Уметницата Иванова вели дека тенденциите за вклучување на естетиката и „убавото“ во животот на човекот е старо онолку колку што е стар и човекот. Од друга страна нашиот степен на едукација прави да го забележуваме или не сè она што е убаво околу нас.

Воодушевувачки беше да се проследат содржините и активностите кои Иванова ги имаше зацртано како цел и ги презентираше на овие работилници кои во голем дел беа и обука затоа што ние како учесници имавме можност да научиме многу нови работи поврзани со графичкиот дизајн, неговата важност и неговото крајно пласирање до клиентите “, иѐјави професорката Тања Анакиева Давитковска, која беше еден од учесниците на работилница оддржана од нејзина ученичка.

Позитивното искуство го споделија и другите учесници

vi02_800x530Големиот интерес за изучување на графички дизајн најверојатно ќе продуцира и  втора етапа и продолжување на проектот кој е финансиран од Министерството за култура преку Новиот Културен Бран. Изложбата за посетителите е отворена секој ден од 8.00 до 15.00 во Фоајето на Домот на културата..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе