Виничани дегустираат вино и ракија во чест на Свети Трифун

Виница, 10.02.2017

  • Со дегустација на вино и ракија започна одбележувањето на традиционалната лозар-овоштарска вечер во Виница во пресрет на празникот Св.Трифун

Речиси 4 децении, лозаро-овоштарите од Виничко, своите производи од домашните казани, преточени во домашна сливова или лозова ракија, или пак црвено и бело вино ги тестираат до каде го искусиле својот занает. Преку 100 шишиња со вино и ракија од исто толку производители синоќа се тестираа од професионални дегустатори од Виница, Скопје и Благоевград. Се тестираше мирисот , бојата, вкусот, или поедноставно кажано, дегустацијата е процес на утврдување во кое вино  или ракија едноставно ќе пиете и ќе уживате најмногу.

DSC_0503Старите и искусни мајстори велат дека за квалитетот на виното најбитна е годината, временските прилики во процесот на созревање на грозјето, но и формулата на производителот.

Општа оценка е дека лозар-овоштарството во Виница е во подем, за што сведочат и површините под лозја и овошки, кои се распространети на 670 ха.

Инаку , дегустацијата е вовед во одбележувањето на Свети Трифун, празникот на лозарите и овоштарите, кој за Виничани има долга традиција со кумство на источната и западната страна од градот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе