Владата со 6,5 милиони евра ги помага општините за да користење на водите од ХС „Злетовица“

Штип  12.03.2019

Близу 6,5 милиони евра буџетски средства издвојува Владата од буџетите за оваа и за наредната година за Штип и Свети Николе да можат да ги прилагодат своите филтер станици за квалитетно прифаќање и прочистување на водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“. Со овие пари општините Карбинци и Лозово ќе можат да изградат свои пречистиелни станица за вода за пиење бидејќи такви немаат. Половина од овие средства општините ќе можат да го користат во тековната година, а другата половина ќе им стои на располагање во 2020 година.

Според Миле Илиевски, директор на ХС „Злетовица“ Владата донела акционен план за конечно решавање на водоснабдувањето на сите пет општини – Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци и Пробиштип.

-Со можноста за оваа намена да се користат првите 3,5 милиони евра од буџетот на државата акциониот план станува оперативен. Со истито општина Штип треба да ја адаптира својата филтер станица до ниво да може да ги прифати водите од регионалниот хидросистем, односно квалитетно да може да ги преработува и површинските води а општина Карнинци да изгради нова филтер станица за прифаќање и преработка на 30до 40 литри вода во секунда колку што ќе бидат и потребите на населението од општината. Во исто време општина Свети Николе која пет години ги користи водите од Злетовица ќе добие пари за да може да ја адаптира дилтер станицата за подобрување на снабдувањето на населението, додека нејзината соседна општина Лозово ќе гради своја филтер станица која треба да биде со капацитет од 20 литри вода во секунда, вели Илиевски.

Очекувањата се за најмногу две недели да биде избрана консултантска куќа за изработка на техничката докуентација. За тоа Министерството за земјоделие, вдостопанство и шумарство има распишано јавен оглас, а парите за овој важен проект за спомнатите општини се на сметката на ова министерство.

Општина Кратово која на почетокот кога се донесе одлука за изградба на хидросистем Злетовица беше во друштво на општините која требаше да го користи благодетот од водите на истоимената планинската река повеќе не е дел од овој проект. Ова поради фактот дека Кратово со децении порано зема вода од реката Злетовица преку посебен зафат над браната Кнежево и нема никакви допирни точки со системот. Пробиштип пак во моментов за доопремување на филтер станицата користи 1,2 милиони евра од кои 600.000 се од државниот буџет а исто толку се донација од Република Словенија. Илиевски информира дека со овој потег Пробиштип добива можност наместо сегашните 75 да користи сто литри вода во секунда, односно капацитетот на филтер станицата се зголемува за 25 проценти.

-Со оваа инвестиција се овозможува приклучување и на селото Злетово на пробиштипската филтер станица. Ова село има околу 3.500 жители, а како поранешна општина беше потписник на меморандумот за изградба на регионалниот хидросистем па на ваков начин се симнува од дневен ред и прашањето за негово квалитетно водоснабдување. Со парите кои ги користи Пробиштип за зголемување на капацитетот на филтер станицата ќе се реконструира и автоматизира и станицата во Ратевци со што Пробиштип и Злетово  ќе добијат и резервна можност за водоснабдување, посочува Илиевски.

ХС Злетовица беше пуштена во употреба во 2010 година. Таа на општините од регионот им нуди 900 литри вода во секунда, од кои половина се наменети за Штип како регионален центар и најголем град. Во ова меѓувреме активно се работи на реализација на двете наредни фази – наводнување на 4.500 хектари плодни ниви во општините Пробиштип и Кратово и изградба не неколку хидроцентрали по што целиот проект ќе се заокружи и ќе стане самоисплатлив.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе