Вмровци со реметење на мирот на туристите собираа потписи

Охрид 02.05.2018

Функционери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги охригани, но и нивните многубројни гости, дека “Нашето име е Македонија”, изминатиов викенд и преполниот Охрид, го (зло)употребија на градскиот плоштад “Свети Климент Охридски”, да собираат потписи од граѓаните и гостите.

31739837_10213696265093359_8020935340351029248_n– ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и промена на уставното име Република Македонија, како и  против промена на идентитетот на нацијата на Република Македонија. Изјаснете се против секое она решение кое што ќе подразбира промена на уставот и промена на уставното име – повикуваа активистите на партијата, истовремено гласно емитувајќи  разглас патротски песни и повици.

Напред, декор им беа преполните летни бавчи, чии гости сакаа да уживаат во мирот и убавината, а назад – зад нив, параклисот од, како што нагласуваат охриѓани – приватната црква на еден од нивните активисти.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе